Кафе муабет

Нема да верувате каква убавица е ќерката на култниот Мистер Бин (ФОТО)!

Лили дефинитивно ја наследила убавината од мајка си...

За приватнот живот на британскиот комичар и актер Роуан Аткинсон, кој е најпознат по улогата на г. Бин, но и тајниот агент Џони Инглиш и најстарата улога, онаа на Црната змија во долготрајната хумористична малку се знае во јавноста. Но она што е важно да се истакне дека актерот има три деца.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page
Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page
Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Роуан Аткинсон, пред извесно време го запали светот со скандал од приватниот живот – откако среќата ја  пронашол во 26 години помлада партнерка и тоа додека бил во брак.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Култниот Мистер Бин 25 години беше во брак со Сунетра Састра со која се ожени во 1990 година.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page
Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Парот се запознал во 1980-тите кога таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си. Имаат две деца, а пред неколку години објавија дека се разведуваат – поточно британските медиуми дознаа дека актерот бил во тајна врска со актерката Луиз Форд (41). Скандалот бил уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

„Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена“, изјави тогаш непознат извор за Sun.

После тоа брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако на суд не беа дадени примери за истото.
На рочиштето не присуствуваа ниту Руан, ниту Сунетра, која поднела барање за развод.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Неговата сопруга добро се снајде по разводот, па остана во луксузен хотел во Лондон, проценет на 21 милион фунти, додека Роуан се пресели во викенд куќа вредна само четири милиони фунти, пишува „Мондо“.

Аткинсон е еден од најбогатите актери во Велика Британија, со проценето богатство од 70 милиони фунти.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Сега во јавноста се појави фотографија од ќерката на Мистер Бин, и иако тој никогаш не беше на листата најпривлечни мажи, сепак неговата ќерка е вистинска убавица.

Фото Инстаграм/Lily Atkinson

Многумина беа изненадени кога видоа дека Лили порасна во вистинска убавица. И таа е и супер талентирана (но, не е ни чудо), иако не тргна по стапките на нејзиниот татко, туку пее, но е копија на мајка си.

Фото Инстаграм/Lily Atkinson
Фото Инстаграм/Lily Atkinson

Секогаш е забавно да се гледа какви се децата на познатите личности. Денес, 25-годишната Лили не претендира да стане актерка, иако како дете се појавила во неколку филмови на нејзиниот татко.

Фото Инстаграм/Lily Atkinson

Во 1993 година се роди Бен, а две години подоцна Лили. За разлика од неговата сестра, Бен не е уметнички тип, тој присуствуваше на истата воена академија како и принцовите Вилијам и Хари.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

Инаку, Сунетра и Роуан се разведоа пред неколку години, а тој доби трето дете во нова врска со комичарката Луиз Форд.

Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page
Foto Instagram/ rowan.atkinson.fan.page

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close