Кафе муабет

Ноќта кога се породив докторите ме советуваа да ја дадам на посвојување бидејќи има Даунов синдром: Не се откажав од неа, денес таа има 15 години и е успешен модел!

Таа е родена со Даунов синдром и веднаш по нејзиното раѓање, лекарите ги советувале нејзините родители да ја дадат на посвојување бидејќи нема никакви шанси за квалитетен живот...

15 годишната Кенеди Гарсија од Колорадо, е девојката која буквално го освои светот.

фото инстаграм
фото инстаграм

Таа е родена со Даунов синдром и веднаш по нејзиното раѓање, лекарите ги советувале нејзините родители да ја дадат на посвојување бидејќи нема никакви шанси за квалитетен живот.

фото инстаграм

– Ми рекоа дека нема да имаат никаков квалитет на живот и дека засекогаш ќе биде во пелени – вели нејзината мајка Рене (40), која ја одбила таа можност по разговорот со бабица.

– Таа бабица ми рече дека ќерка ми е прекрасна и ми откри дека и самата има ќерка со Даунов синдром и дека живее сосема нормално – вели Рене, додавајќи дека овој разговор ја поттикнал да ја задржи својата ќерка.

Денес, Кенеди е модел и соработува со многу американски брендови, а исто така е танчерка и учествува на многу меѓународни натпревари.

фото инстаграм

– Таа вечер кога се породив, срцето ми беше скршено бидејќи тогаш дознав дека таа има Даунов синдром, а потоа започнаа сите тие црни прогнози. И денес, Кенеди е девојка која живее како сите нејзини врсници. Има момче кое ја обожава, сака да се облекува модерно, да танцува и пее и шири среќа насекаде околу неа – вели Рене.

фото инстаграм
фото инстаграм

Најважната порака што успеа да ја испрати оваа девојка е дека секој од нас треба да ги следи своите соништа, да не се предаваме и уживаме во секој ден од животот, исто како што ужива и таа, која на крајот ги надмина сите опасности низ кои помина.

Дауновиот синдром не е единствениот проблем со кој се справувала оваа девојка. Таа имала леукемија и морала да подложи на опасна операција поради ‘рбетот, што можело да ја остави парализирана.

фото инстаграм
фото инстаграм

Таа излезе од сите овие борби со злобните болести како голем победник и денес е успешен модел кој го живее својот сон.

На изненадување на сите, таа ги надмина очекувањата на лекарите, кои не се надеваа дека нејзиниот живот ќе се одвива на овој начин.

фото инстаграм

И додека сите мислеа дека никогаш нема да води нормален живот, таа започна да прави нешто што никој не очекуваше, пишува Дејли меил.

Нејзината мајка беше убедена дека Кенеди може да стори многу повеќе отколку што предвидоа нејзините лекари и нејзината прогноза се оствари.

фото инстаграм
фото инстаграм

Како што пренесува „Дејли меил“, таа сега ја претставува агенцијата за таленти, поканета е на аудиција во Њујорк и Холивуд а се појавува како модел во неколку американски песни.

фото инстаграм

Кенеди често држи предавања во основните и средните училишта за Дауновиот синдром и за тоа како тинејџерите можат да бидат пријатели со такви деца, пренесува Daily Mail.

фото инстаграм
фото инстаграм

„Се надевам дека ќе продолжи да го живее својот живот како што сака и покрај сè“рече мајката на Кенеди…

фото инстаграм
фото инстаграм

Кенеди има и момче Метју, со кого ужива во љубовта.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close