Дом и семејство

Неколку домашни растенија за кои е докажано дека го подобруваат расположението и имаат позитивен ефект на здравјето

Не знаете какво цвеќе да набавите за вашиот дом? Прочитајте, можеби ќе го најдете одговорот …

Постојат растенија кои покрај естетската функција која што ја имаат во ентериерот можат да влијаат и на вашето здравје бидејќи е докажано дека го подобруваат расположението. Затоа вклучете ги во вашиот дом како природен антидепресив кој покрај ова и го разубавува просторот.

Еве кои се такви растенија:

 

Лаванда

Со илјадници години лавандата ја користат за смирување на нервите, за олеснување на главоболката, спречување на несоницата. И според бројни истражувања нејзините ефекти се потврдени, а посебно е интересно тоа што се докажа дека го намалува пулсот во стресни ситуации.

 

Истражувањата на германските и француските лекари покажаке дека лавандата помага полесно да се заспие. Покрај полезното дејство во просторот тие ја препорачуваат оваа билка и да се користи при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото

Алое Вера

Египјаните го нарекуваа растение на бесмртноста, а по схоластичкото верување растението Алое Вера носи позитивна енергија во животниот простор.

Но ако тоа не ви е доволно, сигурно ќе ви биде драго да знаете дека Алое Верата го прочистува зракот поради што ќе спиете подобро, а самите листови кои од внатре имаат мека структура можете да ги користите во бјути рутина поради антибактериските односно состојки што се добри против запаленија.

Бршлен

Бршленот како растение познато е по одличните својства за прочистување на зракот, одлично го апсорбира канцерогените како смогот или чадот од тутун и го прави вашиот дом да биде почист. Бонус е тоа што лесно можете да се грижите за него и не сака многу вода и светло за растење.

Босилек

Покрај тоа што можете да го користите во кујна за јадење, босилекот содржи и органски спој на луналол кој често се користи во арома-терапијата односно докажано е дека го намалува стресот.

Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидантно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби. Во Индија, босилекот традиционално се користи и како лек против стрес, астма и дијабетес.

Tags

Related Articles

Close
Close