Бременост

НА СРЕЌАТА И НЕМА КРАЈ: Убави вести од домот на Ана Севиќ и Даниел- честитки пристигнуваат од сите страни!

Го доби своето трето дете...

Среќната вест пристигна од домот на Ана Севиќ, која денеска се породи во родилиштето Народни фронт и го роди своето трето дете.

фото инстаграм/Ана Севиќ

По две ќерки пристигна и син, а како што пренесуваат медиумите породувањето поминало добро.

фото инстаграм/ана севиќ

За пејачката и водителка ова е второто дете со нејзиниот партнер Данијел Недељковиќ, со кој веќе ја има ќерката Сена, која ја добија во декември 2020 година.

фото инстаграм/ана севиќ

Потсетуваме, Ана од бракот со фолкерот Дарко Лазиќ ја има и наследничката Лорена.

фото инстаграм/ана севиќ

Таа неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм кога откри интересен детал од периодот на бременоста.

фото инстаграм/ана севиќ

– Сега како луда јадам ананас, а долго време ме држеше фазата на „палачинки со еурокрем, плазма и вишни“, а претходно не бев љубител на таа комбинација. Имав фаза со портокали и пита со јаболка. Главно ако не јадам што сакам да јадам, сепак ќе бидам гладна – искрена била пејачката.

фото инстаграм/ана севиќ

Таа откри и дека не е разгалена трудница, вредна е во текот на целата бременост и тоа очигледно и помогнало да не се здебели.

фото инстаграм/ана севиќ

Севиќ се повлече од медиумите поради семејни обврски, но се уште е активна на Инстаграм, па неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници.

фото инстаграм/ана севиќ

– Искрено, последен пат се измерив во јуни минатата година, пред третата бременост. Имав два килограми повеќе од вообичаено. Набрзо дознав дека доаѓа нашето трето бебе и оттогаш ја заборавив вагата. Не ми е гајле, уживам во бременоста, јадам што сакам, се чувствувам добро и не се дебелеам. И јас сум максимално активна! – рече Ана за споменатиот медиум.

фото инстаграм/ана севиќ

Инаку, Ана дознала дека повторно е бремена само седум месеци по раѓањето на ќерката Сена, па во март таа и нејзиниот партнер Даниел Недељковиќ ќе станат побогати за едно момче.

фото инстаграм/Ана Севиќ

“Ана и Даниел очекуваат момче. Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба за машко дете во семејството. Не се старомодни, се работи за емоционална природа, “, истакна неодамна извор близок на пејачката и додаде:

фото инстаграм/ана севиќ

“Даниел го загуби својот брат и веста дека Ана ќе роди син ги израдува сите, почнувајќи од неговиот татко до неговите баба и дедо. Сите едвај чекаат да се роди момчето и многу и помогаат на Ана да ја одгледа Сена, особено откако дозна дека повторно е бремена “.

фото инстаграм/ана севиќ

Да потсетиме, Ана Севиќ се омажи за нејзиниот сегашен сопруг минатата година, на тајна венчавка во село во близина на Шабац, а потоа отпатуваа на меден месец. Во декември минатата година, тие ја добија ќерката Сена, а на крајот на март, уште едно момче ќе се придружи на нивното семејство.

фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close