Бременост

Помина низ пекол за да добие дете но не успеа: Медиумите ја обвинуваа дека е себична, Џенифер Анистон ги расплака фановите со својата исповед за неплодноста

Се обидувала долго време да се реализира како мајка...

Џенифер Анистон (53) во Холивуд е позната како девојката од соседството, еуфемизам од 90-тите за бестрашни и пристапни жени.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Во јавноста, таа стекна глобална популарност со улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“. Иако со години се шпекулираше и многумина ја осудуваа поради тоа што наводно Џенифер се откажала од мајчинството поради нејзината кариера, актерката дури сега откри дека со години очајнички се обидувала да стане мајка.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

За американскиот магазин „Allure“, каде се појави на насловната страница Џенифер раскажала за своето искуство и за трнливиот пат низ кој морала да помине за да забремени.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Се обидував да забременам. Тоа беше предизвикувачко патување за мене. Никој не знаеше за тоа, иако медиумите со години пишуваа дека одам на вештачко оплодување. И бев. Беше навистина тешко. Поминував преку ИВФ и пиев кинески чаеви. Сите мои надежи ги вложив во тоа. Да ми речеше некој да си ги замрзнам јајцеклетките. Тогаш едноставно не размислував, а сега „возот помина“ и се каам – признала актерката.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Џенифер додала дека сега чувствува олеснување, бидејќи ниту пријателите ниту новинарите не ја прашуваат дали еден ден ќе стане мајка.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Медиумите со години пишуваа дека нема да имам деца, дека не ме интересираат и дека само сакам да градам кариера. Беа сурови кон мене. Освен личната болка поради тоа што не можам да имам дете, морав да поминам и низ наративот дека сум себична и дека се грижам само за мојата кариера. Не дај боже жената да биде успешна и да нема дете. Покрај тоа, напишаа и дека мојот сопруг (Бред Пит) ме остави затоа што не сакав да му родам дете. Тоа се апсолутни лаги – рекла актерката и додала дека е многу фрустрирана поради сите тие наслови. Како што рече, медиумите биле опседнати со нејзината бременост.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Апсурдна и вознемирувачка е објективизацијата и контролата низ која ги ставаме жените. Начинот на кој медиумите ме прикажуваат е едноставно одраз на начинот на кој ги гледаме и ги прикажуваме жените воопшто, мерено според некои искривени стандарди за убавина.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

За неплодноста има намера наскоро да напише книга, со цел да им помогне на другите жени кои минуваат низ истата борба. Како што рекла, до сега не зборувала за тоа бидејќи сакала да се заштити себеси и својата приказна.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Поминав толку многу години криејќи ја својата тајна дека одам на вештачко оплодување. Бев заштитнички настроена кон себе, бидејќи чувствував дека можам да задржам толку малку работи за себе. Се чувствувам како да се будам од хибернација. Немам веќе што да кријам.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

По завршувањето на средното музичко и уметничко училиште ЛаГардија и изведувачки уметности во Њујорк, Џенифер извесно време работела како келнерка во ресторан, а потоа и во слаткарница. Тогаш сфатила дека да биде келнерка не е целта во нејзиниот живот, ги спакувала куферите и се преселила во Лос Анџелес во 1989 година.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Патот до врвот не беше лесен, но сè се промени кога таа беше на аудиција за тогаш новата хумористична серија „Пријатели“.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Иако првично требаше да ја игра Моника Гелер, Џенифер ги убедила продуцентите дека ликот на Рејчел Грин е напишан за неа. Таа ја доби улогата и ја играше десет години.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Комедијата е она што ми го спаси животот. Мелем за мојата душа ги насмеа луѓето. Покрај тоа, има многу луѓе кои велат дека гледањето на „Пријатели“ ги спасило за време на нивната дијагноза на ра/к. Порано се сакавме и се грижевме еден за друг. Тогаш луѓето разговараа меѓу себе. Денеска се отуѓивме – рече таа.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Со текот на годините најмногу внимание привлече нејзината врска со актерот Бред Пит. Тие се запознаа во 1994 година, а како пар за прв пат се појавија во 1999 година на доделувањето на Еми наградите. Девојката од соседството и најжешкиот маж на Холивуд ја легализираа својата љубов една година подоцна пред 200 луѓе во Малибу. Но, сè тргна наопаку во 2004 година кога Бред Пит снимаше филм со Анџелина Џоли. Иако ја остави поради друга жена, Џенифер и Бред и по болната разделба останаа во добри односи.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Десет години подоцна, таа си даде уште една шанса. Но, вториот обид за брак со Џастин Теру, колега кој беше две години помлад, не беше поуспешен. Таа се омажи за Теру на тајна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес, што изненади многу од нивните гости, но и медиумите. Наводно не им било кажано дека се поканети на свадбата, туку биле поканети на роденденска забава на Џастин. Бракот изгледаше идилично во медиумите, но две години подоцна, во 2017 година, парот објави дека се разведува, и дека во иднина ќе останат добри пријатели.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close