Кафе муабет

На ова никој не се надеваше: Душко денес слави роденден- Јелена изненади со овој потег!

Пејачката не му честиташе на сопругот...

Душко Тошиќ денеска слави роденден, а сите ја чекаат реакцијата на неговата сопруга Јелена Карлеуша.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, фудбалскиот менаџер кој денеска полни 37 години се огласи на социјалните мрежи каде многу пријатели му испратија честитки по повод овој важен ден за него.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Имено, насилството кое се случи на Божиќ, кога Душко наводно и удрил шлаканица на сопругата Јелена, ја шокираше јавноста која будно го следеше секој чекор на познатата двојка. И сега сите чекаат дали Јелена ќе реагира по одреден период на молк и јавно ќе му го честита роденденот на сопругот. Но, имајќи го предвид наводниот инцидент и заладените односи меѓу пејачката и фудбалерот, кому му беше забрането да и се приближува на Јелена, нејзината честитка годинава изостана.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Роденденот на Душко Тошиќ, судејќи по објавите на „Инстаграм“ му го честитаа пријателите, а Јелена отпатува за Дубаи каде викендов ќе одржи концерт.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ
Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Како што тврдеше извор близок на парот, наводно Јелена сакала во Дубави да биде со нејзиниот сопруг, за да ги смират страстите но по се изгледа тој не се согласил. Наводно Јелена е спремна на се само за да го спаси бракот.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена многу издржа на својот грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние пријателите сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – заклучува изворот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Небојша Перовиќ, адвокатот на Душко Тошиќ, истакна дека поранешниот фудбалер негирал дека ја удрил сопругата Јелена Карлеуша и апелираше семејството Карлеуша-Тошиќ да се остави на мира.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Господинот Тошиќ беше испрашуван и сослушан. Тој негираше дека го сторил делото. Сите написи што беа во весниците, каде што се зборуваше за се, мене ми личат на еден разговор. На тоа треба да му дојде крајот и да се остави на мира, па семејството да живее во љубов, мир и кавга, како што живеат сите други семејства. Свесни сме дека тие се исклучително популарен пар, бидејќи оваа сцена не е голема, но избувна во јавноста – изјави адвокатот.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close