Кафе муабет

Најубавото девојче во светот порасна во вистинска убавица – во ова издание сите ги остави без здив!

Блондо навистина изгледаше спектакуларно, со дискретна шминка и малку дива, разбушавена коса...

Моделот Тилан Блондо се најде во центарот на вниманието на јавноста кога се појави на Париската модна недела, – кога дојде да ја гледа модната ревија Миу Миу, додека вечерта беше главна sвезда на пистата на ревијата на брендот за долна облека Етам.

Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо

Убавата 20-годишна девојка привлече големо внимание, и тоа не изненадува, со оглед на тоа дека некогаш беше „најубавото девојче во светот“. Секогаш е интересно за публиката да види како Тилан изгледа како возрасна девојка, која поседува необична убавина и дека навистина не се променила многу.

Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо

Познатата Французинка пристигна на модната ревија Миу Миу во друштво на трендсетерката Алекс Чанг, а изгледаше тренди и урбано во црни кожени панталони и краток бел топ.

Но, таа предизвика воздишки кога се појави во секси долна облека на модната ревија Етам, покажувајќи ја својата извајана фигура, затегнати нозе и извајани стомачни мускули.

Блондо навистина изгледаше спектакуларно, со дискретна шминка и малку дива, разбушавена коса.

Фото Профимедиа
Фото Профимедиа
Фото Профимедиа

Да потсетиме, Тилан беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ во 2007 година, а првата насловна ја украси кога имаше само шест години. Откако се прослави, започна своја модна линија, па денес ужива во плодовите на нејзиниот успех.

Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо

Сепак, убавата Французинка се уште работи со полна пареа, а паузите помеѓу разните снимања и модни ангажмани, со задоволство ги користи да посети некоја егзотична дестинација.

Таа е во врска со младиот француски актер Бен Атал, и за оваа романса не се знае многу, освен што двојката започна да се забавува минатата година и дека се речиси неразделни.

Фото Инстаграм/Тилан Блондо
Фото Инстаграм/Тилан Блондо

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close