Кафе муабет

Најголема е љубовта која пробуваме да ја задушиме во нас – најубавите цитати од Пауло Коелјо!

Љубовта може да не однесе во пeкoлот или во pajот, но секогаш не води некаде.

Љубителите на книги ќе се согласат дека најубавите цитати за љубовта ги напиша бразилскиот писател на лирика и романи Пауло Коелјо.

Објавувајќи ја својата прва книга „Архиви од пеколот“ во 1982 година Коелјо се вивна високо меѓу најпознатите имиња на писатели за денес да бде еден од најбараните а неговите книги оставаат длабок печат врз читателите.

Најголема слава стекна со своето дело Алхемичарот,која најпрво ја објавил во една мала печатница, која немала намера да ја преобјави. Подоцна тој нашол поголема печатница и ја објавил својата следна книга „Брида“ која заедно со „Алхемичарот“ станала бестселер во Бразил.

Од „Алхемичарот“ се продадени повеќе од 110 милиони примероци со што станала една од најдобро продаваните книги во историјата која е преведена на повеќе од 70 светски јазици и која истовремено го собори Гинисовиот рекорд како книга од сѐ уште жив автор која е преведена на најмногу странски јазици.

По објавувањето на „Алхемичарот“, Коелјо пишувал нов роман во просек на секои 2 години, вклучително и: „На брегот на реката Педра седнав и плачев“, „Петтата гора“, „Вероника реши да умре“, „Демонот и госпоѓицата Прим“, „Единаесет минути“, „Валкирите“ и „Вештицата од Портобело“.

Во една прилика, Коелјо рекол: „Ако денес видам бел пердув, тоа ќе е знак кој ми го дава Бог дека морам да напишам нова книга“. Коелјо пронашол бел пердув на прозорецот од некоја продавница и почнал да пишува тој ден.

Вкупно, Коелјо има издадено 26 книги. Две од нив – „Поклонението“ и „Валкирите“ се автобиографски, додека поголемиот број од останатите дела се фикција, иако проникнуваат од неговото животно искуство.

Тој има напишано многу за љубовта преку неговите извонредни романи. Она што го разбираме преку неговите дела е дека тој верувал дека не може да се избегне вистинската љубов, ниту човекот може да ја задуши во себе. Ова е потврдено со неговите цитати за љубовта.

“Секогаш има една личност на светот што ја чека другата, било да е тоа среде пустина или среде голем град. И кога тие луѓе ќе се сретнат и ќе им се вкрстат погледите, целото минато и целата иднина губат значење и постои само тој момент.

„На сите јазици во светот постои истата поговорка:„ Далеку од очите, далеку од срцето “.Но, јас ви тврдам дека тука нешто не е во ред; колку подалеку сме, толку поблиску до нашите срца се оние чувства што се обидуваме да ги задушиме и да ги заборавиме “.

“Важно е да оставите некои работи да одат, да исчезнат. Пуштете ги и ослободете се од нив. Не очекувајте да се вратат кај вас, да ги признаат вашите напори, дапризнаат  дека сте генијалец и да ја разберат вашата љубов. Затворајте ги круговите, не од гордост или ароганција, туку затоа што тоа повеќе не се вклопува во вашиот живот.

Затворете ја вратата, сменете ја плочата, изметете ја куќата, избришете ја прашината. Престани да бидеш тоа што беше и стани тоа што си. ”„ Највисоката цел на човекот е да ја разберевистинската љубов. Љубовта не е во друг, туку во секој од нас и ние ја будиме во себе.

Сепак, за да ја разбудиме, потребна ни е друга личност. Универзумот има смисла само ако имаме со кого да ги споделиме нашите чувства. “„ Љубовта подразбира и возбуда од нешто неочекувано, длабок жар, верба во остварување на сонот.

Љубовта ни испраќа сигнали кои управуваат со нашите животи – и на нас е да ги дешифрираме тие сигнали “.

„Знаеше дека таа љубов е невозможна и затоа – бидејќи не се надеваше на ништо – можеше да прифати мирни души и сè што ја чека на тој дел од нејзиниот животен пат.

“Сите знаат да љубат бидејќи се родени со тој дар.  Некои го прават тоа природно добро, но повеќето треба да го повторат материјалот, да запомнат како повторно да сакаат, и секој – без исклучок – има потреба да гори во огнот на емоции., да оживее некои радости и болки, подеми и падови, сè додека не стигне до водечката нишка зад секоја нова средба; да таму постои една нишка “.

Петта гора

„Толку многу патев за љубов, помисли тој. А еве сега кога љубовта ми е на дофат – нема сомнеж дека таа цело време беше тука и на беше потребно ништо да се прави, освен да не се бега од нејзе – а сега единствена мисла му е како да ја заборави што побрзо“.

Крај реката Педра седев и плачев

„Љубовта е секогаш нова. Сеедно е дали сакаме само еднаш, два или десет пати во животот – секогаш сме пред ситуација која не ја познаваме. Љубовта може да не однесе во пе-колот или во рајот, но секогаш не води некаде. Треба да ја прифатиме, бидејќи таа е храна на нашето постоење. Ако ја отфрлиме ќе умpeме од глад, гледајќи ги натежнатите гранки ма стеблото од животот, без храброст да пружиме рака и да ги набереме плодовите. Треба да одиме по љубовта без разлика каде и да е, па и ако тоа значи часови, денови, недели разочарувања и тага. Бидејќи во оној час кога ќе тргнеме во нејзин пресрет и таа тргнува кон нас. И не спасува.“

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close