Кафе муабет

Тоа што Срѓан и Дијана го направија за мене е невидено! Прва исповед на дедото на Новак Ѓоковиќ ќе ве остави без зборови

Имале финансиски кризи...

Дедото на Новак Ѓоковиќ пред неколку години проговори за најголемите семејни тајни.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Дедото на Новак Ѓоковиќ по мајка, Зденко Загар, пред неколку години за еден медиум откри семејни тајни, а неговите зборови и денес воодушевуваат многумина.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Имено, иако е многу приврзан за својот внук Новак, таткото на Дијана Ѓоковиќ без двоумење зборуваше за односот со семејството Ѓоковиќ, како и за нивната претходна финансиска состојба.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Тој ги преживеа сите лоши и тешки моменти кои го снајдоа Ѓоковиќ, а вистината за финансиските тешкотии ја сподели со јавноста.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Како што откри во својата исповед, Дијана и Срѓан имале големи проблеми со пари, поради што биле принудени да позајмуваат, и да ги враќаат, често со камата.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Мајката и таткото на Новак дури и позајмиле пари на име на Зденко во тежок период:

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Се сеќавам, штотуку се вративме од скијање, ми се јави Дијана: Тато, на твое име позајмивме пари! Ја прашувам како ќе ги врати. Таа ми одговори да не се грижам. И еден ден прашувам што станало со тој долг и велат дека фер ми вратиле се и главнината и каматата кои инаку биле високи. И јас им позајмував, се разбира, без камата и секогаш ми враќаа. Тие беа принудени да позајмуваат голема сума на пари. Еднаш го прашав Срѓан: Човеку, што би направил ако не можеш да им го вратиш долгот на тие луѓе? Ме гледа и вели: Би ги растоварал вагоните на станицата. Замислете го ризикот, бидејќи една повреда можеше да уништи се – открил таткото на Дијана Ѓоковиќ за „Скандал“.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Но, за тоа дека сите несреќи поминаа и дека семејството Ѓоковиќ денес живее мирно, барем што се однесува до финансиите, сведочат успесите и хуманоста на Новак, кои особено му значат на дедо му Зденко.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Иако за семејството на Ѓоковиќ се пишувало многу во медиумите, за неговата мајка Дијана Ѓоковиќ и не се знае баш многу. Таа целиот свој живот го посветила на своите деца, Новак, Марко и Ѓорѓе.

фото архива

„Ги имам јас и Марко и Џоле, сопруга сум и не станува збор само за Новак. Можеби сум јас таа која настојува да стојат цврсто на земјата, да не полетаат, да ги канализираме емоциите. Не можев ни да помислам дека тоа вака ќе биде, но се случи. Новак е тоа што е и среќни сме и горди. Таткото Срѓан го избираше името на својот првенец Новак, а на Марко постариот брат и тенискиот првак Новак. На Ѓорѓе јас му го избрав името. Ми изгледаше моќно Ѓорѓе Ѓоковиќ. Новак има свој пат, а Марко и Ѓорѓе се уште го бараат. Тешко бреме имаат, самите сакаа да одат на тенис, иако можеби полесно би им било да се во некој друг спорт“, своевремено изјави мајката на најдобриот тенисер на светот, Дијана Ѓоковиќ.

фото архива

„Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме да постигнеме. Но на крај секогаш се снаоѓавме. Тоа беше единствениот начин да успее. Тој тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме и не му зборувавме дали имаме или немаме. За него мораше да има. Работев 17 години во ресторан на Копаоник, и тоа од 10 до 16 часа на ден. Правев палачинки, бев во шанкот, правев пици… Сопругот патуваше со него, а јас им испраќав пари кои би ги заработила. На крајот ни се исплати, н можеше да биде и поинаку“, изјави Дијана за дневниот весник „Вечерњи лист“.

фото профимедиа
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close