Кафе муабет

МОДНА КАТАСТРОФА: Еве зошто сите коментираа за Рада Манојловиќ- само таа може вака да се облече (ФОТО)

Пејачката предизвика лавина коментари...

Пејачката Радмила Рада- Манојловиќ (36) се појави на модна ревија во Белград, а нејзиниот стајлинг шокираше многумина.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Имено Рада која е препознатлива по кратки фустани овој пат реши да облече панталони, но како што коментирале присутните комбинацијата за која се одлучила била модна катастрофа.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ
фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Додека на ревијата повеќето од гостите се појавиле во елегантни комбинации на облека, Рада Манојловиќ се одлучи за нешто поинаку.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Проѕирниот горен дел од латекс, панталоните од латекс и очилата за сонце беа доволни за сите присутни да зборуваат за неа.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Коментарите се ределе цела вечер па присутните, како што истакнал за српски Курир извор од ревијата, рекле: „Секаде се појавува во вакви изданија што ги носи само таа“, „златен медал за лудило“ и слично.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада со години е на листата на модни катастрофи, а во неколку наврати изјави дека не ја трогнуваат коментарите за нејзините стајлинзи.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Повторно е со Милан Станковиќ?!

Инаку она што е ново периодов во животот на Рада е тоа дека наводно повторно е во врска со нејзиното поранешно момче, пејачот Милан Станковиќ а по шест години ставила крај на врската со Харис.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведувале да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна се почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да ги посетуваат манастирите и Рада сфати дека е многу помирна и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината – вели извор за „Стар“ и додава:

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Таа сфати дека треба да го напушти Харис, кој стануваше се посебичен.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Пред две недели заедно посетија црква во Белград каде разговараа со свештеникот кој им даде благослов. По нивното тајно помирување, Рада вистината им ја кажала само на својата сестра и нејзиниот татко. Нејзиниот татко беше многу среќен, секогаш велеше дека Милан е чесно момче и дека би сакал Рада да се омажи за него – вели изворот и додава:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

-Харис никогаш не беше прифатен како иден зет. Не му се допадна тоа што одбил да дојде кај него во Четереже и што неговите родители постојано се мешале во нивната врска, како Рада да не е доволно добра за нив.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Како што пак неодамна објави „Свет“, Харис Берковиќ наводно се огласил пред новинарите, па се пожалил дека наводно чашата ја прелил Милан Станковиќ кој и го „испрал мозокот“ на Рада и таа повеќе внимание посветувала на поранешниот отколку на него, кој поради неа ја запоставил кариерата.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Харис и Рада одамна не се како што треба, цело време се караа и целосно се оддалечија. Многу му пречело нејзиното дружење со Милан, не затоа што и бил поранешно момче, туку затоа што мислел дека има лошо влијание врз неа. Кога и да започнеше тема за Милан, доаѓаше до расправија и се му пречеше. Рада целосно се свртела кон религијата и го променила односот кон своето момче, бидејќи Милан и го „исперал мозокот“ – вели извор на кој Харис му се доверил и се пожалил дека Рада многу се променила.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Ја запостави кариерата поради врската со неа и сега гледа дека згрешил, но се надеваше дека врската со Рада му е доживотна. Таа е многу променета, веќе не знае што прави и што зборува – вели извор близок на поранешната двојка, откривајќи во јавноста дека Милан Станковиќ веројатно бил една од главните причини за раскинувањето на Рада и Харис.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада забележала дека многу работи почнале да се земаат здраво за готово во нивната врска, дека ништо не е исто како порано, па му предложила на Харис да одморат, да се разделат и да видат дали си недостигаат и дали меѓу нив сè уште постои љубов или се е само навика.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Забележав дека се плашам од минливост, кога нешто е толку конечно и после кое нема враќање. Би рекла и дека се плашам од непознатото, она што не можам да го видам и контролирам. Бев доста лоша во организација, можев да работам неколку ноќи по ред, а потоа да спијам исто толку, да се разбудам со мозочен удар и целосно неволна за живот. Конечно успеав да го решам тоа сега. Не знам зошто претходно не го земав животот во свои раце и зошто тоа го дозволив – изјавила пејачката.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close