Новости

МОДЕЛОТ КОЈ РУШИ ПРЕДРАСУДИ: Сакам да бидам инспирација за сите- Софија е манекенка со Даунов синдром, која нижи светски успеси!

За неа веќе одамна зборува целиот свет

22 годишната Софија Јирау од Порторико стана вистинска модна икона.

 

 

Имено таа на почетокот на годината, во февруари за прв пат прошета на модната писта во Њујорк и воедно тоа беше првата нејзината модна ревија, која и донесе голема слава.

Манекенката која е млада и талентирана девојка има и свој бренд наречен Алавет.

 

Продава разновидни модни додатоци, од чанти до налепници. Нејзината желба е еден ден да стане инспирација за секој што има ист синдром.

– Јас сум професионален модел кој е подготвен да го инспирира светот – напиша таа во описот на својот профил на Инстаграм.

 

Многумина беа воодушевени од појавата на Софија, која е храбра млада девојка што има за  цел да ги сруши сите  предрасуди и да им покаже на луѓето како неа дека може да се успее во сонот само доколку вистински се сака.

 

– Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да блесне – напиша таа на социјалните мрежи.

Софија е првата манекенка со Даунов синдром која се појави на модна ревија на модната недела во Њујорк.

Фото Инстаграм/ sofiajirau

Таа ги раскажа и своите импресии и посочи дека за неа тоа билоостварување на сонот.

– Се чувствував навистина добро. Сите ми аплаудираа – изјави Софија тогаш за странските медиуми.

По појавувањето на модната недела, Софија доживеа голема слава. На социјалните мрежи  постојано расте бројот на следбеници, а досега ја следат 83.000 луѓе.

Реакциите за нејзината прва модна ревија и појавувањето на модната писта беа одлични.

Таа доби многу охрабрувачки коментари кои се инспирација да продолжи понатаму по патот за остварување на својот сон и големите цели во животот.

 

– Нема ограничувања за тебе, Браво! – е само еден од коментарите.

Софија е среќно заљубена и често објавува фотографии со нејзиното момче на социјалните мрежи…

Уште неколку фотографии од моделот кој руши предрасуди и за кратко време го освои светот…

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close