Бебе

МАЈКА РОДИ 10 БЕБИЊА И ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА ЗА РЕКОРДИ: Ова се случува прв пат во историјата!

Таа на 07.06 беше на предвремено породување во седмиот месец од бременоста...

37-годишната Госијаме Тамара Ситол од Јужна Африка стана вирален хит откако роди дури 10 бебиња по пат на царски рез.


Мајката и нејзиниот сопруг биле целосно шокирани откако на ултразвукот докторот забележал осум бебиња, а по породувањето изненадувањето било уште поголемо бидејќи тие всушност добиле 10 бебиња!

foto ilustracija

Додека раѓањето на повеќе од три бебиња обично е резултат на третман на вештачко оплодување, Ситол вели дека нејзината бременост е сосема природна, децата зачнале на природен начин без никакви лекови или третмани.

Таа на 07.06 беше на предвремено породување во седмиот месец од бременоста.

(Image: AFP via Getty Images)

“Шокирана сум од бременоста. На почетокот беше тешко. Бев болна. Тешко ми беше. Сè уште ми е тешко, но сега се навикнав. Не ја чувствувам болката повеќе, но сепак малку се плашам и го молам Бог да ми помогне да успеам да ги извадам сите мои деца здрави,  и јас и моите деца да излеземе од болницата закрепнати. Би била задоволна од тоа “.


„Имаме седум момчиња и три девојчиња, среќен сум, емотивен, не можам многу да зборувам“, рече гордиот татко за BBC.

foto printscreen/ miror

Oваа горда мајка и претходно роди близначиња кои сега имаат шест години.

Таа се чувствува добро по породувањето со царски рез.

Раѓањето следуваше по 29 недела од бременоста, а бебињата се родија во Преторија.
Наскоро треба да стане сопственичка на нов рекорд, бидејќи претходната рекордерка Халима Сиса од Мали роди девет бебиња во мај.

foto printscreen
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
foto printscreen
foto printscreen

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close