Дом и семејство

Мајка која јавно го доела детето во продавница мета на критики: Сите ја осудуваа за овој потег- време е да сфатиме дека тоа е сосема нормално!

Доењето е хранење на детето...

Доењето во јавност поради некоја нејасна причина се уште е табу тема и многу често мајките кои јавно го хранат своето дете се осудувани.

Многумина стојат на ставот дека мајките треба да го дојат своето дете дома, во четири ѕида без други да ја гледаат. Така се однесуваме кон нештата што се непријатни, но што е срамно за доењето?

Каде е проблемот кога зборуваме за доење, што е таму неприродно и непријатно и дали има нешто ненормално?

Ние би рекле дека одговорот на сите сомнежи погоре е едно големо НЕ, но луѓето кои веруваат дека мајките грешат со доењето на своите деца на јавно место, сепак ќе ви најдат милион недоволно добри причини за да ве убедат дека тоа „не е нормално“ .

Не е нормално да ги храниме нашите деца кога се гладни и тие не престануваат да плачат, и сосема случајно не сме дома во тој момент, но затоа е нормално да извадиме шише млеко и да го смириме гладното дете на тој начин.

фото инстаграм

Единствената разлика е во тоа што нема да се чувствувате „вознемирени“ со градите на мајката што дои, а прашањето е всушност – зошто воопшто на земјата ви пречат таквите мајки?

Со ова се соочила Џени Тамас чие дете плачело за храна додека била во Икеа, па го доела во продавницата пред луѓето што ја гледале, па дури и ја фотографирале. Џени реши да го фотографира и сподели овој момент на социјалната мрежа Инстаграм бидејќи не можеше да поверува што и се случува и не можеше да разбере како е тоа можно луѓето да се вознемирени од доењето на јавно место.

„Подобро ќе реагирале ако си извадела пиштол и си се заканувала дека ќе ги ограбите“, „Напред жено, се восхитувам на твојата храброст и се прашувам зошто воопшто ни треба храброст“, „Можеби луѓето се прашуваа дали крзненото палто е направено од вистинско крзно бидејќи ако беа шокирани од градите, тогаш за жал живееме меѓу примитивците “- се само некои од коментарите за поддршка кои ги доби оваа мајка на социјалните мрежи.

фото инстаграм

Инаку Џени на Инстаграм постојано објавува фотографии на кои ги дои своите деца, со цел подигнување на свеста за доење во јавноста.

Погледнете некои од нив…

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close