Кафе муабет
Марија Шерифовиќ и кажа “ДА” на оваа убавица- јавноста ги поврзуваше а тие негираа, сега се е јасно…
Ја одобри новата песна на Џејла...
За односот на Марија и Џејла Рамовиќ многу се шпекулираше во медиумите. Пејачките с емногу блиски и поради тоа многумина помислија дека има нешто повеќе од пријателство но и двете ги негираа тие написи.
Двете неверојатно талентирани пејачки својата соработка ја започнаа во 2018 година. Таа година убавата Џејла Рамовиќ се пријави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а поради сплет на околности токму Марија ја зема во својот тим, односно прифати да биде нејзин ментор.
По една година работа и дружење Марија успеа да ја однесе Џејла до победа но поради нивното пријателство медиумите извесен ги поврзуваа.
Врската меѓу Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ често се толкуваше како љубов, а иако и двете ја негираа емотивна врска, јавноста не престана да се сомнева дека меѓу поп пејачите има нешто повеќе од пријателство. Како што се испостави, сомневањата беа без никаква основа.
Колку и да напредувала Џејла која зад себе има еден хит „Руине“ а новата песна „Спарта“ која веќе има над два милиони прегледи е причина за нејзината популарност, сепак таблоидите сè уште ја споменуваат нејзината романса со Марија.
И покрај шпекулациите на таа тема, врската меѓу Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ никогаш не била разнишана.
Џејла и понатаму ја смета Марија за нејзин најдобар советник, па не е чудно што таа го побара нејзиното мислење во врска со новата песна и спотот што го сними со нејзините сестри во Исланд.
Џејла откри декабила пресреќна кога Марија и кажала да. Не крие дека нејзиното мислење и е особено важно и дека ја почитува како некој кој и донел победа и и го покажал патот до успехот.
– Марија го виде новиот спот и прва ја слушна песната. Кога рече дека ова е одлично, сите бевме среќни и тоа е тоа. Добивме амин од неа – изјави Џаила, која доби зелено светло и милиони прегледи од публиката.
Неодамна Џејла беше гостинка кај Огњен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“ каде водителот без влакна на јазикот ја праша дали била во врска со Марија.
– Најмногу ве поврзуваа со Марија Шерифовиќ, која е вистината? – праша Огњен.
– Пишуваа разни наслови. Претпоставувам дека така се чувствувале луѓето, не можеле да ми најдат ништо, па така ја измислиле приказната со Марија со која сум блиска. Таа ми беше ментор, а потоа ја продолживме соработката. Тоа е пријателски однос – објаснила Џејла.
За нивниот однос претходно зборуваше и Марија Шерифовиќ.
– Во последно време слушам од пријатели дека никој нема самодоверба кога станува збор за почеток на нешто ново. Ги немам овие проблеми, правам чекор и никогаш не чекам, низ смеа изјавила Марија.
Марија во оваа прилика се осврна и на наводната врска со младата пејачка Џејла Рамовиќ, за која често пишуваа некои медиуми. На прашањето каква е нивната врска таа остро одговори.
– Пријателски-бизнис и би сакала таа приказна еднаш засекогаш да престане. Никој не се води од тоа како му е на некој кога чита вакви измислици, како и дека во неколку моменти сериозно се претера. Затоа навистина оставете ја девојката на мира!, изјави Марија.