Кафе муабет

Дарко Лазиќ се огласи по тајната венчавка и ја шокираше јавноста: Секирата ми падна во мед, сега гледам како е да живееш на туѓ грб

Ката го издржува...

Фолкерот Дарко Лазиќ повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста кога се проширија гласини дека тајно се оженил со неговата партнерка Катарина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Откако се појави веста дека фолкерот тајно се оженил на осми декември се огласија и неговите најблиски. Имено мајката Бранка истакна дека не знае ништо за венчавката и дека таа не била повикана, а истото го рече и неговиот брат кој посочи дека со Дарко се е можно, но дека тој не бил известен ниту повикан на венчавка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пејачот неколку дена молчеше по оваа вест, а сега конечно проговори и откри дека нема ништо од тоа. Тој откри и дека живее со својата избраничка и дека моментално таа го издржува.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Каква црна тајна свадба? Кога ќе се оженам, од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1.000 гости. Ќе се пече прасе, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема свадба. Дај боже, следната година да се венчаме. Едвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќна. Конечно, до мене имам личност која ја сакам безусловно и која ме сака – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам на грбот на мојата девојка Ката! Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Фолкерот признава дека нема проблем со тоа што се вселил во станот на фитнес инструкторката и што таа го издржува, бидејќи се познаваат 14 години.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам кај Ката во Нови Сад. Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот! Таа е и мој личен шофер, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Секирата ми падна во мед. Убаво е, за промена, да се живее на туѓ грб. Многу поранешни само ми земаа. Сега да видам и јас како е. Знам дека не ми веруваат, но навистина немам пари за недвижен имот. Сè уште собирам пари за да купам стан во Нови Сад. Ката е поврзана со тој град, па таму ќе се вдомиме – открил фолкерот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Освен што сакам да купам стан и да се оженам, би сакал јас и Ката да имаме бебе. Дај боже да имаме три деца. Немам време за патување, бидејќи имам многу настапи до крајот на годината. Не ни размислувам за одмор – рекол Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Љубовниот живот на Лазиќ отсекогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Дарко претходно беше во брак со колешката Ана Севиќ, со која ја има осумгодишната ќерка Лорена. Од романтичната врска со Марина Гагиќ го има тригодишниот син Алексеј. На крајот на април оваа година тој раскина со пејачката Барбара Бобак и се впушти во романса со Катарина за која вели дека никогаш и не престанал да ја сака.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој и Катарина биле заедно кога фолкерот имал осумнаесет години и во една прилика откри дека во сите девојки ја барал неа, па е среќен што се повторно заедно.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина и јас се знаеме 13 години, одамна бевме во врска и секогаш се почитувавме. Бевме во контакт, се гледавме, пиевме пијачка, па таа е секогаш во мојот живот. Всушност, никогаш не ја заборавив Ката, само раскинавме затоа што не беше вистинското време за нас. Во таа смисла, секогаш ги изневерував сите други со неа. Имаше своја врска и брак, па се разведе исто како мене и зошто да не бидеме заедно? Мислам дека е подобро мажот да почека да созрее. Мислам дека штотуку поминавме се и можеме да уживаме заедно до крајот на животот – рече Дарко неодамна.

фото принтскрин/Курир.рс

– Имам две деца од врските со поранешните сопруги и тоа е убаво. Децата се најубавото нешто и никогаш не би поништил се од минатото иако со жените не ми успеа. Мојот живот е тоа што е, сега имам 31 година и треба конечно да се смирам.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ тврди дека дури сега чувствува искрена љубов кон жена и дека сите негови претходни врски се случиле во период кога не бил подготвен да се посвети на вистинскиот начин.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– За прв пат се чувствувам како навистина да сум заљубен. Порано само мислев дека сум, но всушност бев незрел и не го сфачав тоа на вистински начин. Ме боли уво како бившите ќе го толкуваат тоа што го кажав. Се најдобро за нив. Така е, така е и нема да се залажувам и да им се извинувам. Кога мажот чувствува вистинска љубов, не се оправдува пред никого. Ката е постара од мене, никој од нас нема време за грешки. Не ми е гајле дали моето семејство дома ја прифаќа Ката. Тие не живеат со неа, но јас, ќе бидам искрен, сите ја сакаат. Тие ја познаваат исто колку и јас и сите ни се ветер во грб – откри пејачот во една прилика.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close