Кафе муабет

МАКЕДОНИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО – Почина легендата на македонското глумиште ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

Почина актерот Димче Мешковски...

Македонија денеска завиена во црно. По долго боледување почина легендата на македонското глумиште – Димче Мешковски.

    Фото/Принтскрин

Мешковски починал вчера, во неговиот дом во Лос Анџелес, САД.

Тажната вест ја соопштија од Драмски театар Скопје каде што доајенот беше вработен од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.

    Фото/Принтскрин

Во биографијата на Мешковски стојат над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби.

Од драмскиот опус на актерот се издвојуваат улогите во претставите:

    Фото/Принтскрин

„Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).

    Фото/Принтскрин

Ги толкувал ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал.

    Фото/Принтскрин

Ангажиран бил во повеќе проекти меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“.

    Фото/Принтскрин

Добитник е на „Наградата за животно дело“ што ја доделува Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

    Фото/Принтскрин

Комеморацијата за Димче Мешковски ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март 2023 година со почеток во 12 часот.

    Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close