Кафе муабет
Летниот одмор беше само маска: Поради него убавата Хурем остана во Црна Гора
Позираше за насловната страница на турското издание на магазинот „Вог“...
Популарната турска актерка Мерјем Узерли, најпозната по улогата на султана Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, неодамна го посети Которскиот залив, едно од најлуксузните одморалишта на Јадранот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-1.png)
Фотографиите што ги објави на својот Инстаграм профил „предизвикаа големо внимание во јавноста низ целиот регион.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-5.png)
Бројните шпекулации за тоа дали таа снима нова серија во Црна Гора или само што дошла на одмор со семејството ги разреши најновата насловна страница на турското издание на магазинот „Вог“, на која се појавува убавата Мерјем.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-6.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-7.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-8.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-9.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-10.png)
Позирајќи пред објективот на познатиот моден фотограф Мустафа Нурдогду, популарната Хурем одлично го долови шармот, мирот и софистицираноста на прекрасното одморалиште.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-2.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-3.png)
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-4.png)
Откако ја освои публиката со улогата на Хурем, со големо внимание се следи секое нејзино движење, па затоа неодамнешните фотографии кои актерката ги објави на својот Инстаграм профил загрижија многумина.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/хуремм.png)
Имено, актерката која со својата неверојатна убавина ги маѓепса припадниците на посилниот пол откако по вторпат ја исполни улогата на мајка, таа даде се од себе за што поскоро да ја доведе својата линија до совршенство. Не само што успеала, туку, според мислењето на одреден дел од публиката, претерала.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем.png)
За потсетување, светските медиуми своевремено објавија за нејзината наводна борба со депресијата поради која ослабе и размислувала да се откаже од улогата што ја прослави. Тогаш се зборуваше и дека таа престојувала на клиника во Германија, а во тој период не се јавувала на никого.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/хурем-а.png)
– Болна сум, не можам повеќе да издржам. Не можам да издржам во Турција. Се враќам во Берлин – изјавила славната актерка наводно за време на снимањето на серијата.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/хурем-3.png)
Гостувајќи на една емсиија на „Јутјуб“, продуцентот Римур Савдиќ рекол дека германската актерка со турско потекло имала психички проблем, што во психологијата е како синдром на немање на енергија.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/хурем-1.png)
По неговите зборови таа повеќе не можела да го издржи огромниот притисок и едноставно заминала.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/хурем-4.png)
Станува збор за сериозно ментален и физички проблем кој почнува наизглед без значајни симптоми како што е губиток на ентузијазам и енергија, замор, неодредени болки, а потоа се претвара во хроничен стрес пропратен со несоница, главоболка, висок притисок, пад на имунитет, пореметување на концентрацијата, депресијата, напади на паника…
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/хурем-јас.png)
Снимањето на серијата траело по цел ден, што бара војничка дисциплина и голема самоконтрола.
Меѓутоа, Меријем повеќе не можела да го издржи притисокот и одлучила да замине од проектото, а се се одразило на нејизниот љубовен живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/03/хурем-7.png)
Актерката се раздели од вереникот додека беше бремена, а дури и се пишувало дека сакала да си го одз-еме животот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/хурем-лајс.png)
Сепак, изгледа дека нејзината психичка состојба е добра, а актерката денес живее во Берлин со своите две деца и партнерот кој го крие далеку од јавноста.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/01/хурем-1.png)
Отвори слаткара каде го поминува поголемиот дел од своето време.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/02/хурем-4.png)
Постојано објавува фотографии како ужива во својот мирен и хармоничен семеен живот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/хурем-1-1.png)
Актерката постојано говори дека е благословена бидејќи шест години од раѓањето на првата ќерка Лата повторно и се случи чудо:
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/хурем-7.png)
– За време на бременоста секој ден се молев се да помине добро и бебето да биде здраво.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/хурем-5-1.png)