Кафе муабет

ЛЕПА БРЕНА КОНЕЧНО ПРОЗБОРЕ ЗА БРАКОТ: Би се развела од Боба само во оваа ситуација!

Тие важат за еден од најубавите парови на Балканот

Легендарната пејачка Лепа Брена и поранешниот број еден тенисер во Југославија, Боба Живоjиновиќ се во брак речиси три децении.

Парот својата љубов ја круниса со брак во 1991 година, на 7- ми декември и од тогаш важат за најсложната двојка на Балканот.

Нивната љубовна приказна  започнала во 1986-та година, и двајцата велат дека имале впечаток дека судбината ги споила.

 

– Кога се сретнав со Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека исто како јас нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит.

 

 

Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се сретнавме по премиерата на првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатот.

Имено во една прилика пејачката откри дека за да ја запроси на Боба му требало цело шише жесток пијалок, за како што вели да собере храброст.

foto Instagram/ Lepabrena

Брена откри и дека Боба имал ужасна трема кога требалo да ја побара нејзината рака од татко и.

Нивната свадба всушност беше наречена свадба на столетието кога пејачката и поранешниот тенисер го кажаа своето судбоносно „да“. На тој ден дури и познатите вести Дневник беа прекинати за да се вклучат младоженците во програмата во живо.

Церемонијата се одржа во познатиот белградски хотел Интерконтинентал. Според некои информации тие потрошиле околу 50 илјади германски марки. Свадбена торта беше огромна, на пет ката, гостите ги забавуваше Ванеса Шокиќ, а бидермаерот го фати Драгана Мирковиќ.

 

foto Alo.rs

Како што објавија тогаш медиумите младенците на свадбата добиле повеќе од 4000 илјади писма со честитки од цела Југославија, а добиле и подароци од сите краеви на светот.

foto Pinterest

 

Инаку пред извесно време во интервју за Stoy.rs пејачката изјави дека семејството за неа е на прво место, а откри и во кој случај таа би се развела од Боба.

 

– Никогаш не би се развела од него, освен ако приметам дека Боба не ме сака и не ме почитува.  Двајцата сме силни личности, затоа и успевме да се прилагодиме еден на друг и покрај јавните професии. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, тешко е да се сокријат некои работи од медиумите. Се обидовме да бидеме одговорни и да се сакаме. Не беше воопшто лесно – беше искрена Брена.

 

Инаку Лепа Брена минатиот месец го прослави својот 60- ти роденден и може да се каже дека изгледа прекрасно и пред се негувано.

 

Таа неколку пати го промени својот стил, а на фановите им се допаѓа секоја нејзина промена.

Погледнете како изгледаше Брена низ годините…

 

Foto Instagram/Lepa Brena
Foto Instagram/Lepa Brena
Foto Instagram/Lepa Brena
Foto Instagram/Lepa Brena
Foto Instagram/Lepa Brena

Извор: Story.rs/ Glamur.mk

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close