Кафе муабет
”ЛАЖНИОТ СИН” НА ЗЛАТА ПЕТРОВИЌ ОТКРИВА ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ, го споменува и Шијан- ИТНО СЕ ОГЛАСИ ЈОВАН ПЕЈИЌ
Некој се претставува во негово име...
Синот на пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, Јован Пејиќ, на својот Инстаграм профил објави известување дека непознато лице се претставило како него на социјалната мрежа Фејсбук.
Имено, Јован ги известил своите следбеници дека добил порака од познаник дека некој лажно се претставува во негово име.
Освен што пишува во име на Пејиќ, најмногу ги вознемирува корисниците на Фејсбук со приказната дека има операции и дека е болен, а се жали и на мајка му и татко му.
– Седум години постојано ме повикува и малтретира лице кое се претставува со твое име и презиме. Се жали на татко ти и мајка ти. Неколку пати ми се пожали како се оперирал и колку е болен. Спомна дека мајка ти боледува од рак. Спомна и еден Шијан и уште еден Васкет – му напиша познаникот на Јован и додаде:
– Веројатно ги следеше сите тие приказни во весниците, твоите појавувања и слично и очигледно е љубоморен на твојот живот. Ги малтретирал дури и мајка ми и девер ми – пишува во пораката што ја добил синот на Злата.
Јован веднаш им објаснил на своите следбеници да немаат доверба во непознатото лице кое се претставува во негово име, како и дека тој не користи Фејсбук.
Малкумина знаат дека пејачката Злата Петровиќ има два сина, Мики кои го доби во бракот со пејачот Хасан Дудиќ и Јован од бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја.
Пејачката секогаш истакнува дека е горда што ги одвела синовите на вистинскиот пат и често зборува за тоа како нејзиниот помал син Јован работи во продавница во трговски центар.
– Многу сум гордa токму затоа што тој е сличен на мене и на татко мu. Ние сме многу скромни луѓе, никогаш не покажуваме што имаме или немаме – рече таа и додаде:
– Ако не ги гледате мојата душа и срце, сè друго е ирелевантно. Убаво е што, иако заработуваме добро, во ниту еден момент моите синови не сакаа да зборуваат за тоа чии се.
Злата не крие дека често го повикува постариот син да оди на настапи со неа, бидејќи тој е музичар, но тој не сака, за луѓето да не помислат дека тој успеал поради неговата мајка.
– Тие не се од тој филм едноставно и драго ми е, бидејќи тие се борат за својата иднина како личности и многу ми е драго за тоа – посочи Петровиќ за „Гранд“.
Синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја, веќе некое време работи во продавница за спортска опрема на познат бренд.
Јован Пејиќ веќе неколку години е на оваа позиција и работи за плата помала од 300 евра иако неговите родители се познати и богати.
Злата и Пеја заработуваат по десетици илјади евра, и тоа најмногу од ромски веселби, но нивниот син е скромно момче кое покрај тоа што е студент на менаџмент, успеа да пронајде и постојана работа. Тој е добар студент и дете за пример, велат неговите познати родители.
Познатата фолкерка вели дека Јован сам заработил пари за да купи автомобил и дека е многу одговорен, што и не ја чуди бидејќи и таа и нејзиниот сопруг се одговорни и вредни луѓе. Од друга страна, и нејзиниот поранешен сопруг со гордост зборува за него, истакнувајќи дека Јован е дете за пример и преставува совршен доказ дека и децата на познатите можат да бидат „нормални“, „без да се фатат за лошо друштво и да тргнат во некој погрешен правец“…