Бременост

Криеше од јавноста дека е бремена: Ова е прва фотографија од Сораја- еве како изгледаше во шестиот месец од бременоста

Ужива во мајчинството...

Познатата старлета Сораја Вучелиќ се породи минатиот викенд и на свет донесе момче на кое му го даде името Кан.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Како што објавија медиумите, старлетата моментално се наоѓа во Швајцарија, каде го поминала најголемиот дел од бременоста, а наскоро планира да се пресели во Москва, каде живее таткото на нејзиното дете, чиј идентитет е непознат за јавноста.

фото принтскрин

Црногорската старлета, позната по бројните пластични операции и афери, последните месеци се повлече од јавноста, а повеќе не е активна ниту на Инстаграм.

фото принтскрин

Во долго здолниште и кратка маица позирала пред огледало во хотел и го овековечила моментот на галење на трудничкиот стомак.

фото Курир.рс

Сепак, една страница на Инстаграм објави видео од нејзината поодмината бременост, на која се гледа дека Вучелиќ ја задржала витката фигура и во бременоста.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Пораѓањето поминало добро, а наследникот добил највисоки оценки од докторот. Новопечената мајка се чувствува одлично, а само мал број блиски луѓе знаеја дека таа е бремена.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Јавноста на големо шпекулира за тоа кој е татко на детето на познатата старлета Сораја Вучелиќ.
Именопред неколку дена извор блисок до Сораја за српски Информер откри дека наводно таа родила дете од оженет бизнисмен од Русија!

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Старлетата во неделата се породи во Цирих и на свет донесе здраво момче, кое гордите родители го крстија Кан.

Сепак, таа и нејзиниот зафатен партнер, кого го крие од очите на јавноста, нема да живеат во Швајцарија.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

-Сораја и нејзиното момче решија да се породи во Цирих за нивното дете да има швајцарско државјанство, но нема долго да останат таму. Наскоро се селат во Москва, каде што живее нејзиниот избраник – ја започна приказната извор близок на Вучелиќ и открива зошто не сака да зборува за мажот со кој добила дете:

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Сораја и нејзиниот партнер имале катастрофални односи се додека тој не ја убедил дека не ја сака сопругата, туку неа.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

-Без разлика што партнерот на Сораја е во брак, тие двајца се во долга врска. 40-годишниот бизнисмен веќе некое време е во лош брак, не ја сака сопругата, но се уште не се развел. Отпрвин и пречеше на Сораја, па се степаа, раскинаа, се помирија и слично. Нивната врска била катастрофална се додека не сфатила дека Русинот навистина ја сака и дека нема ништо со сопругата, освен дека се заедно на хартија. Тој е луд по неа.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Дека навистина е така говори и фактот што нивниот син Кан не се случил случајно, туку дека планирале да имаат заедничко дете.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Работеа на тоа Сораја да забремени. Тие многу се сакаат, па Кан е плод на нивната љубов. Секогаш кога ќе се разделат поради службените патувања на нејзиниот партнер, кој има бизниси во Белгија, Холандија и други европски градови, тие двајца се на видео повик по цел ден. Русинот ја сака толку многу што е подготвен да направи се за неа. Ако сака чанта што може да се купи само во Америка, веднаш организира се за Сораја да ја добие. Единствено што поради неа тој се уште не научил српски, па комуницираат на руски и англиски. Но, и тоа ќе го научи, сигурен сум. Тие се прекрасен пар и се многу среќни, особено сега кога станаа родители – истакна изворот за горенаведениот медиум.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Сораја зборуваше со таков ентузијазам и гордост што ќе стане мајка. Таа беше вљубена во Кан уште пред да го роди. Му купила куп скапа, брендирана облека, која детето ќе може да ја носи до една година.
Откако дозна дека е бремена Сораја ги затвори Инстаграм и Фејсбук. Старлетата не сакаше да ја нервира ништо за време на бременоста, а најмалку злонамерните коментари кои редовно ги добиваше додека беше активна на социјалните мрежи. Последните седум месеци се посвети на себе и на партнерот, патувањата и бременоста во кои уживаше.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Вучелиќ изјави дека е пресреќна што станала мајка.

– Се чувствувам убаво. Синот е остварување на мојот сон. И двајцата сме добро. Сакам само да уживам во најсреќните моменти во мојот живот – кратко изјавила Сораја.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close