Новости

КОРОНА СВАДБА ВО БОЛНИЦА: Заболените од корона не виделе вакво нешто- еве која е причината за прослава во болницата!

На венчавката присуствуваа и неколку фоторепортери.

56 годишен маж од Израел доби ретка прилика да присуствува на свадбата на својот син, во време на пандемијата со корона, кога речиси секаде се забранети свадбени прослави.

 

foto Te times of Israel

 

Имено тој е хоспитализиран во болницата во Ерусалим во септември, поради потешки симптоми на Ковид-19,  но сепак персоналот дозволи свадбата да се прави во дворот на болницата, па тој од болничкиот кревет ја проследи целата церемонија, пренесува Србија данас.

 

foto Vos iz Neias

 

Видеото направено од медицинскиот центар Хадаса ја покажува невестата, проследена со две жени кои држат свеќи, одат кон традиционалната крошна поставена во болнички круг.

На видеото може да се види и музичар кој пее традиционална еврејска музика, како и брачен пар опкружен со гости под маски.

На венчавката присуствуваа и неколку фоторепортери.

 

foto Ynetnews

 

Таткото седи на креветот покрај прозорецот украсен со балони и ја гледа свадбата на својот син, а може да се забележи и дека диши со помош на апарати.

Волонтерот кој помогнал за организациај на целата церемонија, Јад Аврахам, изјавил дека таткото за време на венчавката на синот, носел капа која православните Евреи ја носат во посебни прилики, но за жал немал сила да облече традиционално одело за таа пригода.

 

 

Болницата во неделата објави дека свадбата се одржала во согласност со сите препораки на Министерството за здравство.

Во повеќето земји во светот, поради пандемијата беа забранети свадбените церемонии.

 

 

Пред два дена и Словенија се приклучи на земјите каде има забрана за свадби, крштевки и други веселби. Во Македонија уште од почетокот на пандемијата, некаде во месец март, беше воведена ваква мерка како една од оние за заштита од Ковид-19.

Угостителите и музичарите во неколку наврати побараа од надлежните да направат промена на протоколот со кој се забранува организирање музички настани во внатрешните и надворешните делови на објектите, но се уште нема никаква одлука.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close