Новости

Актерот со оваа фотографија освои многу срца- миленикот на женската публика го покажа синчето!

Се реализираше во улога на татко на почетокот на декември...

Актерот Миодраг Радоњиќ неодамна стана татко и ужива максимално во моментите што ги минува со својот син Сава.

 

Актерот ја објави првата фотографија со наследникот на својот Инстаграм профил.

Додека тој лежеше на креветот, популарниот Бача од „Јужниот ветер“ го држеше малиот Сава на градите, а глетката ги стопи срцата на многумина.

– Бев нападнат од задник – се пошегува актерот во описот на фотографијата, што привлече и бројни позитивни коментари.

Инаку Миодраг Радониќ важи за миленик на женската публика, а слободно може да се каже дека најголема популарност ја стекна во популарниот филм и серија „Јужен ветер“.

 

Актерот се реализираше во улогата на татко на почетокот на овој месец, а поради коронавирусот направи мала прослава со своите најблиски во својот дом.

Миодраг накратко изјави дека за него ова е најубавиот новогодишен подарок.

Инаку, актерот кој се прослави со улогата во филмот „Јужен ветер“ во едно интервју зборуваше за сличностите и разликите меѓу него и Бача. По тој повод, тој рече дека планира брак со Милица.

 

Патем, Милица е психолог по професија, а тоа го откри Миодраг во една прилика.

Сепак во приватниот живот тој е многу поразличен отколку во серијата каде глуми женкар и ја сака само својата Милица.

 

– Со Милица планираме да се венчаме. Би сакал да имаме многу деца. Јас сум човек што сака стабилна врска, а честото менување партнери не ги задоволува моите емотивни потреби. Сметам дека човекот е создаден за покрај себе да има некој кому може да му верува и да му биде поддршка, но и да го критикува кога ќе треба, рече неодамна Миодраг во интрервју за „Мондо“.

Тој во една прилика истакна и дека со нетрпение чека да се реализира во улога на татко, но и дека сака да има многу деца.

Уште неколку фотографии од популарниот Бача…

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close