Кафе муабет
Катарина Грујиќ објави фотографија од нејзината мајка: Нема да верувате дека оваа русокоса има 62 години!
Она што многумина забележаа е дека двете изгледаат како пријателки, а не како мајка и ќерка...
Популарната пејачка Катарина Грујиќ за прв пат јавно ја покажа својата мајка и воедно ги изненади фановите со фотографиите кои ги објави.
Имено нејзината мајка славеше 62 ри роденден а пејачката по тој повод објави фотографии и напиша трогателни зборови.
Она што многумина забележаа е дека двете изгледаат како пријателки, а не како мајка и ќерка.
Мајката на пејачката позираше покрај балонот на масата каде е роденденската торта и со огромен букет во раката, и сè беше украсено во знак на љубов.
Мајката на Катарна има руса коса и изгледа младешки, и никој не би помислил дека таа е во седмата деценија од животот.
Пејачката позираше со нејзината мајка и баба, а овие три дами ги воодушевија сите.
– Мојот живот, мојата љубов, најдобрата мајка на светот, среќен роденден – напиша пејачката во описот на фотографијата
– Да си ми жива и здрава уште 105! Здравје да те служи да те следи среќа, и љубовта секогаш да биде околу тебе, – додаде пејачката.
„Не можам да верувам дека жената има 62 години, таа изгледа многу помлада“, „Оваа русокоса има 62 години? Без шеги!“, „Изгледате како пријателки а не како мајка и ќерка“, „Колку младолика жена. “,„ Леле, таа изгледа најмалку 20 години помлада “,„ Убави дами “, се дел од коментарите.
Пејачката Катарина Грујиќ инаку ретко зборува за емотивниот живот, но пред извесно време откри дека во нејзиниот живот постои некој и дека и е многу убаво, а потоа низ солзи проговори за својот здравствен проблем.
„Не сакам за зборувам за емотивниот живот, многу пати се изгорев. Постои една личност, со која сум долго во пријателски однос, а од кој се родија некои емоции. Не сакам за зборувам за тоа. Постои некој и многу ми е убаво“, рече Катарина во емисијата „Премиера Викенд специјал“ и додаде:
„Мене најдобро може да ме смири мојот татко. Јас многу учам од него, и тој беше темпераментен. Скрати го јазикот, направи ова, она… Голем советник ми е. Се меша и околу музиката, јас сакам да слушам. Досега ниту еднаш нема погрешено“.
Пејачката се осврна и на здравствените проблеми кои ги имала, но успешно ги пребродила.
„Страшни беа тие моменти кога бев во болничка постела. Беше во прашање дали ќе го изгубам бубрегот… Не му посакувам никому… Не ме служеше здравјето кога го изгубив гласот на неколку месеци…Не му посакувам никому, ниту на најлошиот непријател. Мене гласот не ми се врати седум месеци. Фала му на Бога на крајот јас победив“, рече Катарина која едвај успеа да ги задржи солзите.
Но сепак не можеше долго да ја крие врската од јавноста, па во медиумите набрзо по нејзината изјава дека има момче, излезе веста дека Катарина Грујиќ запловла во врска со фудбалерот на „Црвена ѕвезда“, Марко Гобељиќ.
„Таа и Гобељ се знаат неколку години преку заеднички пријатели и се сретнуваа на прослави, меѓутоа никогаш не помислија дека меѓу нив може да се случи љубов. Неодамна седеа заедно во друштво и зборуваа за разни теми, а меѓу нив се појавија симпатии. Подоцна започнаа интензивно да се допишуваат пријателски, а потоа сфатија дека имаат емоции еден кон друг. Заминаа на вечера по која започнаа врска. Тоа се случи неодамна. Истиот извор за „Блиц“ додава: Бидејќи се на почеток од врска, тие одлучија да не зборуваат за тоа во јавност. Свесни се дека и двајцата се познати, па сакаат да ги избегнат медиумски шпекулации за нивниот однос. Нивните пријатели се среќни што конечно ги покажаа емоциите еден кон друг, а сите коментираат дека се еден од најзгодните парови. Двајцата се пресреќни, не ја тргнуваат насмевката од лице, а она што е најважно е што се поддржуваат и кога е во прашање кариерата“.