Кафе муабет

Карлеуша во Барби издание го “запали” Нови Сад- што ли ќе каже сега Душко?! (ФОТО)

Во розево од глава до пети...

Поп- дивата Јелена Карлеуша дефинитивно е број еден кога станува збор за стајлинг и сценски настапи. Секогаш е уникатна, знае како да го привлече вниманието на јавноста и за неа да се зборува со денови.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Било да е тоа со костимите што ги носи на концертите или настап таа не може да остане незабележана.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Меѓутоа, овој пат отиде чекор подалеку кога на настап во Нови Сад се облече целосно во розово, па многумина ги потсети на Барби.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Клубот во кој пееше Јелена беше преполн, судејќи по видеата кои ги објави на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но, тоа не ги изненади нејзините фанови. Кога Карлеуша излезе на сцената настана општ хаос поради нејзиниот аутфит.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена беше цела во розово, почнувајќи од костимот во кој до израз дојдоа нејзините гради, преку чорапите, чевлите со високи потпетици и ракавиците.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Пред настапот таа позираше пред новинарите а со пуштената руса коса и комбинацијата со розова боја, многумина ги потсети на Барби.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Иако многумина тоа и го кажаа, Јелена рече дека не ја копира познатата кукла, туку дека Барби ја копира неа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Барби сака да биде јас – напишала под фотографијата што ја објавила и предизвика низа коментари.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена во неколку наврати истакнуваше дека токму поради нејзината енергија, уникатност и цврст карактер мажите тешко се справувале со неа.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Често истакнуваше и дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп дивата во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, а не мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самата себе, опсесија со его. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Меѓутоа, во едно големо интервју таа откри дека ниту еден маж никогаш не ја заштитил од вербални напади, вклучително и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој е во процес на развод.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува кога се работи и за мене – рече Јелена и додаде:

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Кој ќе го преживее тоа што го преживеав јас, веќе не чувствува болка, удари, понижување, или тага… Чувствува само желба да преживее и многу често за одмазда, за жал – искрена беше Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close