Кафе муабет
Како ли ќе реагира Марко на ова: Луна Џогани прозборе за големата љубов со Слоба- откри долго чувана тајна!
Луна својата голема љубов уште од првата сезона на реалното шоу, Слоба Радановиќ го нарекуваше со истото име...
Луна Џогани неодамна се оствари во улога на мајка, а на својата ќерка и го даде името Миа.
Сепак, нејзините обожаватели беа заинтересирани како Луна и нејзиниот сопруг Марко Миjковиќ ја чуваат својата наследничка па ријалити ѕвездата откри дека ја нарекуваат Дун-да.
Она што е интересно, и што го привлече вниманието на сите, особено публиката на најгледаното реално шоу на овие простори, „Задруга“, е фактот дека Луна својата голема љубов уште од првата сезона на реалното шоу, Слоба Радановиќ го нарекуваше со истото име.
Имено, на социјалната мрежа Твитер се појави видео од „Задруга 1“, во кое Џогани го тепа тогашното момче и го нарекува нејзино бебе, па му вели „Ти си мојата ДУН-ДА“.
— Silvana (@Silvana71376830) July 23, 2021
Како ќе реагира Марко кога ќе го види ова, останува да видиме бидејќи и покрај големата љубов која ја крунисаа со брак и го добија најубавиот подарк, во јавноста се уште се зборува за врската на Луна и Слоба Радановиќ, кога пејачот ја изневери сопругата Кија Коцкар во реалното шоу Задруга.
Тогаш многумина ја обвинуваа Луна дека била причината за прекин на бракот помеѓу Кија и Слоба, но по се изгледа дека Кристина и прости па дури и посака на нејзината најголема соперничка, се најдобро.
Многу учесници во шоуто Задруга и честитаа на Луна за приновата, а меѓу нив беше и најголемиот ривал Кија Коцкар.
Новинарите ја дочекаа Кристина на еден настан, па ја прашаа што има да и каже на Луна по породувањето.
– И посакувам се најдобро, но не би коментирала повеќе. Ако сакате да прашате некого за коментар за Луна, знаете кога треба да се јавите – рече Коцкар и на тој начин го прозва нејзиниот поранешен сопруг Слоба Радановиќ.