Дом и семејство

Како изгледа животот на една жена родена на Балканот која живее во Боливуд, кај сопругот милијардер

Наташа објави и неколку фотографии од своето бебе

Српската актерка, танчерка и модел Наташа Станковиќ, родена 1992 година во Пожаревац, се пресели во Индија во 2012 година за да ја продолжи својата актерска кариера таму.

Фото Инстаграм

По успехот во филмот „Satyagraha“, таа продолжи да игра во споредни улоги во продукциите на Боливуд и се здоби со голема популарност.

Во јануари 2020 година, таа се вери со професионалниот крикет играч, Хардик Панди, а свадбата се одржа и покрај карантинот, поради пандемијата на вирусот корона.

Двојката го доби и своето прво бебе во јули годинава, синчето Агасти.

Наташа која многумина ја нарекуваат убавицата од Боливуд, е доста активна на својот Инстаграм профил, каде со своите следбеници споделува фотографии од своето секојдневие.

И, додека нејзиниот сопруг, Хардик е на турнеја во Австралија, Наташа го прослави празникот Дивали со нејзиниот син и остатокот од семејството, а на социјалните мрежи објави и фотографии од тој момент.

Погледнете во каков раскош ужива Наташа во Боливуд, со своето семејство…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close