Новости

Има 24 години, работи како докторка а воедно е и Мис на Англија- ова е жената по која полуде светот!

Докторката која со својата убавина го освои светот

На само 24 години Д-р Баша Мукерџи, успеа да го освои светот.

Имено таа е Мис на Англија за 2019 година, а оваа титула ќе ја задржи и годинава, бидејќи овој престижен натпревар за убавина беше откажан поради пандемијата на вирусот корона.

Инаку Баша Мукерџи по професија е доктор. Таа се врати во земјата каде моментално работи во болницата во Бостон. Нејзина желба била да им се придружи на своите сонародници во борбата против вирусот корона.

foto instagram

Баша Мукерџи, завршила медицина на Универзитетот во Нотингем. Таа е специјализирана за респираторна медицина, но, како што истакна, може да помогне таму каде што е најпотребно.

 

По освојувањето на титулата, таа доби неколку понуди од добротворни организации ширум светот кои ја поканија да им помогне како амбасадор за доброволни цели во Пакистан, Африка, Турција, Индија.

Убавата докторка планираше да се посвети на хуманитарна работа до крајот на август оваа година.

 

Кога започна пандемијата на вирусот корона, Баша била во Индија каде што е и родена, а нејзините родители се преселиле во Велика Британија кога таа имала девет години.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close