Кафе муабет

Имала над 130 кг и не можела да остане бремена- ocлабнала 30 кг и добила одлични вести!

Нејзината прказна инспирираше многумина да работат на себе...

Упорноста секогаш се исплати а доказ за тоа е токму оваа жена.

фото инстаграм/ Gina Davie

Имено Џина Дејви долги години не можела да остане бремена поради својата тежна, но откако си зададе цел пред себе, дека мора да се оствар во улогата на мајка таа успеа да ослабне дури 30 килограми и да добие убави вести.

Нејзината прказна инспирираше многумина да работат на себе, особено откако видоа фотографија на која во минатото тежеше дури 136 килограми.

фото инстаграм/ Gina Davie

Денес таа може да се пофали со 79 килограми и, како што истакнува, не планира да застане тука.

– Имав 47 килограми кога започнав во прво одделение. Децата постојано ме задеваа за тоа, а мајка ми, не знаејќи што да правам, ме однесе на нутриционист каде ми ја препишаа мојата прва диета кога имав само седум години – ја започна својата прказна Џина.

фото инстаграм/ Gina Davie

Иако со текот на годините успеа да ослабе и да се здебели, клучна точка беше моментот кога имаше 28 години и дури 136 килограми.

– Јас и сопругот со години се обидувавме да се реализираме како родители, а лекарите секогаш сугерираа дека мојата прекумерна тежина е причина за тоа што не можам да останам бремена. Не дека не знаев што е здраво, а што не, што дебелее а што не, но едноставно немав мерка. Потоа започнав програма во која научив да мерам калории. Јадев сè што сакав и во тетратката запишував колку калории внесував по секој оброк. Кога стигнав до одредена бројка, ќе престанев да јадам. Со текот на времето, научив што има премногу калории, а што многу малку, па ја прилагодив исхраната, а килограмите почнаа да исчезнуваат сами од себе – додаде таа.

фото инстаграм/ Gina Davie

– Откако изгубив 30 килограми, добив убави вести за бременоста. Морам да признаам дека имав проблем со прилагодување на бројот на калории за време на бременоста затоа што сакав бебето да добие сè што е потребно додека е во матката. Истото важи и за постпарталниот период, но успеав. Мојот сопруг ме мотивираше да им дадам добар пример на двете деца што ги добивме во меѓувреме – рече таа.

фото инстаграм/ Gina Davie

Џина до сега успеа да изгуби 57 килограми а во меѓувреме се посвети на трчање, што и помага да ја одржи витката линија.

Погледнете како изгледа денес…

фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie
фото инстаграм/ Gina Davie

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close