Кафе муабет

Храбрата Ена замина кај ангелите, а семејството нејзината заштеда ја донираше на дете што сака велосипед

Бисерка Шарац, мајката на Ена Шарац, своите заштеди ги донираше на шестгодишно момче ..

Дека се уште постојат добри луѓе доказ е семејството Шарац, кое на 8 ми мај годинава ја претрпе најголемата болка.

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

Семејството ја загуби Ена која се бореше со тум-ор на мозокот и ‘рбетот, а во 2017 година и беше дијагностицирана леукемија.

Бисерка Шарац, мајката на Ена Шарац, своите заштеди ги донираше на шестгодишно момче чија голема желба беше да купи велосипед, објави здружението Риека Љубави.

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

Нивнот статус го пренесуваме во целост…

„Нашата драга сограѓанка, мајка на големата борбена хероина Ена Шарац, донираше 1.100 куни, заштеди што Ена ги собра за некои од нејзините мали желби.

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац
Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

По нашето соопштение дека на едно шестгодишно момче  најголема желба му е да купи велосипед, г-ѓа Шарац веднаш одговори на телефонот на Здружението со желба да ги донира заштедите на Ена за момчето да купи велосипед .

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

Ена страдаше од болка и повеќе беше во болниците отколку дома, но им помагаше на другите бесконечно, особено на болните и секогаш даваше совет или збор за утеха. Ова мало девојче многу рано стана пример за сите оние кои се борат за живот на овој свет; за она што е највредно, за достоинството, за доброто кај луѓето, покажувајќи со своите дела колку безгранична љубов има во себе.


Нашата драга Ена е длабоко во нашите срца и ние ќе ја носиме се додека постоиме. Ви благодариме многу “, стои во статусот напишан од претседателот на здружението Штефица Шучак.
Ена Шарац се бореше со тумор на мозокот и ‘рбетот, а во 2017 година и беше дијагностицирана леукемија. Во 2011 година ја доби наградата Гордост на Хрватска. Таа почина на 8 мај оваа година.

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

Секој што ја запознал Ена ќе ви каже со 100 проценти сигурност дека постојат ангелите. Таа беше ангел за време на животот, а оваа несреќна сабота ги доби и своите крилја.

„Еница, најголемата и најчистата душа на овој свет стана небески ангел. Чувај ги своите родители кои тешко ќе го пре-живеат ова. Чувај ги своите ангели“, напишаа во саботата на Фејсбук пријателите не семејството на Ена.

Фото: Фејусбук/ Ени Шарац
Фото: Фејусбук/ Ени Шарац
Фото: Фејусбук/ Ени Шарац

Иако имаше сам 24 години, таа помина три ceпси, пет хиpypшки отворања на главата, опepaција на нозете, година и пол беше прикована за инвалидска количка, а доби и дијабетec. Но нејзиниот дух никогаш не потклекна и секогаш се враќаше на нозете со нејзината заразна насмевка.
Таа со години го запишуваше сето она низ што поминуваше за нејзината книга „Низ пe-кoлот со насмевка“, но за жал не успеа да ја заврши.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close