Кафе муабет

Зошто трудницата не треба да јаде за двајца: Ова е најголемата грешка која ја правите!

Истражувањата укажуваат на опасноста од прејадување во бременоста...

За време на бременоста многу трудници ја прават најголемата грешка.

фото илустрација

Имено водејќи се по вобичаената претпоставката дека жените треба да јадат за двајца за време на бременоста тие многу грешат, а лекарите предупредуваат дека тоа може да доведе до гестациски дијабетес.

фото илустрација

Имено, хормоните произведени за време на бременоста можат да го направат телото отпорно на инсулин – што значи дека нивото на шеќер во крвта останува високо. Затоа акушерот и гинеколог, д-р Грегори Охихоин, од Нигерискиот институт за медицински истражувања, предупредува дека жените треба да бидат внимателни со своите претпоставки дека можат да јадат за двајца, пренесува The Sun.

фото илустрација

Тој објасни дека жените ќе имаат желба за различна храна за време на бременоста и дека некои од нив ќе имаат и зголемен апетит. Сепак, за време на бременоста треба да имате здрава и урамнотежена исхрана, без да се залажувате дека е сосема во ред да се „јаде за двајца“.

фото илустрација

“Некои жени одат во крајности да јадат двајца, па затоа се хранат нездраво. Имаат неконтролиран апетит и јадат неконтролирано. Резултатот е прекумерна тежина. Оваа група жени има поголем ризик за развој на гестациски дијабетес мелитус и поголем ризик од тешко породување“, рече тој за Punch News.

фото илустрација

Охихоин исто така објасни дека квалитетот на храната што ја јадете е многу поважен од квантитетот.

фото илустрација

“Протеините се најважни за вашето бебе бидејќи содржат амино киселини кои се градбени блокови на телото. На вашето тело му се потребни 20 различни видови на аминокиселини. 12 ги произведува телото (несуштински амино киселини). Останатите осум мора да бидат обезбедени од храната што ја јадете“, додаде тој.

фото илустрација

Најубавите работи во бременоста кои понатаму ќе ви недостасуваат!

Во бременоста не знаеме да цениме многу работи, но понатаму, кога ќе се најдеме во други животни фази, ќе се сетиме на моменти за кои ќе сфатиме дека навистина сме уживале.

фото илустрација

Времето поминато од моментот кога ќе го видите позитивниот тест, па се’ до тогаш кога ќе им објавите на вашите блиски, е навистина посебно. Никој друг, освен вашиот партнер, не знае дека во себе ја носите најубавата и најголемата тајна.

фото илустрација

Многу подоцна ќе сфатите колку убаво било чувството кога ќе си ја ставите раката на стомакот и само ќе се насмевнете.

фото илустрација

Дури и кога поминал само обичен преглед на кој требало да ги правите рутинските тестови… Понатаму ќе ви недостигаат сите прашања како: Како се чувствуваш? Ќе ви недостига лежањето и слушањето на бебешкото срце или гледањето на тоа мало срце на екранот кај вашиот лекар.

фото илустрација

За време на бременоста, едноставно жените се во можност самите себеси да си дадат дозвола да го намалат темпото на работа. Па што ако не сте чистеле со правосмукалка цела недела? Бремени сте. Барем добро се држите.

фото илустрација

Иако одвреме-навреме може да ви изгледа дека бременоста ви трае вечно, малку работи може да се споредат со возбудата околу одбројувањето до мигот кога прв пат ќе се сретнете со вашето бебе.

фото илустрација

Заокружениот датум на календарот го означува доаѓањето кое засекогаш ќе го промени вашето семејство.

фото илустрација

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close