Кафе муабет

Згодна трудница , водителката на „Брза кујна“ ужива во последните денови од бременоста – „ Секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“

Македонската водителка Александра Илиевска, која публиката ја запозна и засака како водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, неодамна соопшти во јавноста дека таа и нејзиниот сопруг Александар со кој е во брак до 2016 година наскоро очекуваат зголемување на семејството. Александра е бремена со своето прво дете и редовно на својот Инстаграм профил споделува фотографии од тоа како напредува бременоста.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Таа во интервју за Вистина.мк откри дали се уште е дел од тимот на „Брза кујна“.

-Да, започна 6-та сезона. Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството. Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност… хахахах, изјави Александра.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Преку фотографија на својот Инстаграм профил посочи дека најдоброто за неа и нејзиниот сопруг, допрва доаѓа.

„Дури и за чудата е потребно малку време. Најдоброто допрва ќе дојде…, напиша Александра покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_)

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_)

Александра сега ужива во последните денови од бременоста. Дека бременоста и паузата од работните обврски навистина ѝ годат, зборува секоја нејзина објава на социјалните мрежи. Водителката едноставно изгледа поубаво од кога било.

Деновиве објави фотографија на која позираше во стилска, црно сива комбинација, со високи црни чизми и здолниште, честитајќи им ја Новата година на своите пријатели и обожаватели.

„Нека Новата година нè благослови со здравје, богатство и среќа. На здравје за одлична година“, посака таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_)

Инаку, можеби малкумина знаат, но Александра пред десетина години се обидела да заплови и во манекенските води, па била дел и од спотот на македонскиот пејач Јован Јованов за песната „Сега јас си заминувам“. Таму Александра можеме да ја видиме во сосема поинакво светло.

Таа во интервју за „Гламур магазин“ ја сподели и својата тајна за беспрекорниот изглед на нејзиното лице и кожа.

„Кармините ми се слабост и ги имам во голем број и нијанси. Еднаш во месецот правам и пилинг за да го одстранам слојот на изумрени клетки“, кажа Александра.

Таа има свој ритуал што го повторува секојдневно и истакна дека пиењето вода, всушност е најважниот чекор за добивање на идеална кожа.

„Не е речено без причина дека лицето е огледало на нашата личност. Основен услов за кожата е секојдневната нега. Но и без вода, нема убавина. Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно. Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице. Утрата ми започнуваат рано, со соодветен крем и шминка која гледам да е едноставна со секогаш убав и соодветен кармин“.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close