Новости

ЗАБАВИ, ПОЛНИ КАФУЛИЊА, ЛУЃЕ БЕЗ МАСКИ: Видео кое ја враќа надежта- Ќе биде ли Израел прва земја која ја победи пандемијата?

Израел по масовна имунизација ги укина мерките за заштита...

Олеснувањето на мерките во Израел следеше кога се намали бројот на нови случаи на ковид 19, а повеќе од четири милиони луѓе ги примија и двете дози од вакцината Фајзер.

Израелското Министерство за здравство размислува да ги укине мерките за носење маски на отворено.

Израелските власти имаат за цел да ги имунизираат сите возрасни, па дури и да нудат бесплатни пијалоци и оброци на своите граѓани кои сè уште се двоумат и не биле вакцинирани.

На Твитер се појави видео од кафуле во Тел Авив каде седат вакцинирани млади Израелци, пијат, разговараат и се забавуваат. Судејќи според коментарите, ова видео ги охрабри луѓето од различни делови на светот и им покажа дека за некое време сè ќе се врати во нормала.

Скоро сите ограничувања се укинати, а Израел полека, но сигурно е на чекор да го уништи вирусот корона. Тие веќе започнаа да организираат забави на улиците, децата повторно се смеат на игралиштата, а семејствата брзаа по плажите.

Izrael vakcinacija, Foto: EPA/ABIR SULTAN

Бидејќи мнозинството постари лица ја примија вакцината, а милиони млади ја примија првата доза, довербата во вакцините во оваа земја расте.

Од вкупниот тестиран број жители, само 3 проценти се позитивни, болниците конечно се празни, а епидемиолозите се оптимисти, но сепак претпазливи.

фото профимедиа

Доколку се докаже дека вакцината е подеднакво ефикасна против новите видови на вирус, Израел би можел да биде првата земја што ќе ја победи пандемијата и ќе се врати на „стариот живот“.

Еден месец откако ја прими втората вакцина, Даниел покани 30-тина свои вакцинирани пријатели на забава без маска. Веќе со недели рестораните се преполни, а ноќните клубови и барови повторно се отворени. Маските сè уште се задолжителни во затворен простор, но жителите еден по еден полека ги отфрлаат, пишува ФТ.

– Ова е како бура по суша – вели Даниел Липшиќ (27) додека наздравуваше со пријателите за време на викендот во преполн бар.

Неговиот пријател Ноа вели дека дури и неговата баба направила забава.

Според сите докази Израел ќе биде првата земја во светот што ќе го победи вирусот корона и пример за тоа како можеме да живееме по пандемија. Сепак, некои мерки сè уште се на сила. Засега сè уште не е дозволено да се соберат повеќе од 20 лица во затворено, иако многумина ја кршат оваа мерка. Сега, единственото нешто што ги загрижува е враќањето на Израелците од странство.

Izrael vakcinacija, Foto: EPA/ABIR SULTAN

Сепак, здравствените власти продолжуваат да предупредуваат дека Израел сè уште не е зона без заболени. Р факторот, светиот грал на епидемиолозите ширум светот, сè уште циркулира близу 1, а вирусот сè уште циркулира меѓу граѓаните кои сè во дилема дали да примат вакцина или не. За среќа, ги нема многу. Тие се претежно припадници на арапско-израелските заедници или ултраортодоксни Евреи, кои се во малцинство.

Владата сè уште се обидува да ги убеди оние кои не се сигурни во вакцината, нудејќи им шема „зелен пасош“, што генерира бар-код во телефонот за верификација. Доколку овој проект заживее, оние кои не примиле вакцина ќе се соочат со бројни ограничувања, како короната да е сè уште во полн ек.

– Можеби ќе се вакцинирам ако ми забранат да работам како диџеј во клуб затоа што немам зелен пасош – рече еден млад човек кој сè уште размислува за вакцините.

Во меѓувреме, властите повеќе ја следат состојбата во болниците од бројот на заразени. Тие веруваат дека ако младите заболат од коронавирус, но немаат клиничка слика што бара хоспитализација, тоа е ситуација со која „може да се живее“.

Исто така, владата вети дека ќе може да се патува без карантин во иднина, што е примамливо за многумина, бидејќи на многу Израелци не им беше дозволено да се вратат дома во последните месеци. Од оваа недела, на 3.000 луѓе ќе им биде дозволено да се враќаат дневно, додека минатата недела само на 200 им беше дозволено да влезат во земјата.

Владата планира наскоро да им дозволи на сите оние кои биле вакцинирани да патуваат без ограничувања, можеби дури и да го укинат карантинот по враќањето. Сепак, многу Израелци дури и не размислуваат за патувања сега, бидејќи во оваа земја сега е можно да се оди на забави и да се забавува како порано.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close