Новости

ЕВРОПА СТАНУВА ЦЕНТАР НА КОРОНАВИРУСОТ: Дури 17 земји во црвена критична зона- подмолниот вирус остава трајни последици!

Се поголем бројот на заболени од Коронавирусот во Европа

Дека коронавирусот станува сериозна закана покажува и фактот дека дури седумнаесет од 27-те земји на Европската унија, како и Велика Британија, се наоѓаат во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето објавена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Само три земју од ЕУ, се во зелена зона, (Норвешка, Финска и Грција), додека пет земји (Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија) се главно означени со портокалова боја.

За пет земји (Германија, Австрија, Шведска, Данска и Исланд) нема доволно податоци за тестовите.

 

Според препораките, спротивно на оние кои доаѓаат од зелената зона, патниците од портокаловата и црвената  зона можат да бидат предмет на одредени ограничувања.

Вкупно 16 земји на Европската унија, меѓу кои и Франција, Шпанија, Полска или Велика Британија, се во црвена зона.

 

Foto: Profimedia

За да може еден регион да се класифицира во зелена зона, мора да има помалку од 25 нови случаи на 100.000 жители во последните две недели и помалку од 4 проценти од позитивно тестираните, додека пак за портокалова зона постојат две можности, региони со помалку од 50 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивни е поголем од четири проценти, или има помеѓу 25 и 150 случаи на 100.000 жители, но процентот на позитивно тестиран е помал од четири проценти.

 

 

Според последните податоци Европа во пеколот на коронавирусот

Рекорден број на новоинфицирани лица со новиот Ковид-19 е забележан во Германија, Чешка и Украина.

Во Германија и вчера бепе забележан рекорден дневен број на новоинфицирани лица, 7.334, и ваквата бројка станува загрижувачка.

 

Во Русија, во последните 24 часа се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, објави Кризниот штаб на таа земја.

Во Бугарија, потврдени се 914 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

 

Во Чешка потврдени се 9.721 нов случај на коронавирус, што е нов рекорд по бројот на пациенти за еден ден, објави чешкото Министерство за здравство.

Симптомите варираат

Според последниот извештај на британскиот национален институт за истражување на здравјето (НИХР) пациентите заболени од Ковид-10 може да имаат четири различни синдроми одеднаш.

 

 

Извештајот на НИХР покажува дека ковид-19 сега ги напаѓа сите возрасни групи, вклучително и децата, иако жените и постарите лица можат да бидат изложени на поголем ризик, пренесува „Гардијан“.

Вирусот може да остави трајни последици

Според истражувањето, честото задушување, кашлање или забрзано чукање на срцето може да остават трајни ефекти врз белите дробови и срцето. Оштетување на белите дробови најчесто се јавува кај пациенти кои биле лекувани од Ковид-19 и нивната ситуација се влошила.

 

 

Неодамна објавената студија покажа дека околу 50 проценти од пациентите губат здив дури и шест недели по напуштањето на болницата. Од друга страна, околу една третина од пациентите третирани во болницата имаат оштетување на срцето. Ваквите последици исто така биле забележани и кај навидум лесните инфекции.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close