Новости

Лоши вести од земјата во која живеат многу наши иселеници – КОРОНАВИРУСОТ зема замав, застрашувачки бројки!

Претходниот рекорд на заболени на дневно ниво во Германија беше 6.294 и беше поставен на 28 март, според РКИ.

Германија забележа нов рекорд на заболени од Ковид-19, по што германските власти стравуваат.

Од почетокот на панемијата, денеска Германија забележа рекордно дневно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус со 6.638 нови инфекции.

 

Вкупниот број на заболени во оваа земја сега е 341.223. Ова се најновите податоци кои денеска ги објави Институтот Роберт Кох (РКИ) за заразни болести.

Претходниот дневен рекорд на Германија беше 6.294 и беше поставен на 28 март, според РКИ.

Според последните податоци, пријавениот број на загинати се зголемил за 33 отсто и сега е 9.710.

Од почетокот на пандемијата па до сега, Германија важеше за земја со мала стапка на заболени од вирусот корона, но во последните неколку недели бројот на заболени на дневно ниво почна загружувачки да се зголемува.

Германија стравува од црно сценарио

Канцеларката Ангела Меркел предупреди дека може да има 19.200 заболени дневно доколку сегашниот тренд продолжи.

Инаку вчера германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека вакцината против коронавирусот во оваа земја нема да биде задолжителна.

Шпан истакна дека најпрво ќе бидат вакцинирани високоризичните групи, како што се хронично болните, медицинските лица, повозрасните лица и вработените во домови за стари лица.

Во Германија досега оздравеа 284.600 лица.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close