Кафе муабет
Душко Тошиќ во тешка здравствена состојба- се огласи и Карлеуша по оваа вест!
Душко е заболен од коронавирус...
Душко Тошиќ, поранешниот репрезентативец на Србија, е позитивен на коронавирус и неговата здравствена состојба е лоша.
Тошиќ беше пријавен од сопругата Јелена Карлеуша за физичко насилство на 7 јануари на Божиќ, а сега следуваше нова драма.
Тошиќ има потешка форма на пневмонија, пренесува магазинот „Hello“.
Не е познато како и каде се заразил, а нема информации дали е хоспитализиран.
Тошиќ пред судот изјави дека неговата сопруга го пријавила со цел да му наштети бидејќи нивниот брак моментално е во криза.
„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во приказни поврзани со спорт и хуманитарни дела. За жал, тоа не е така, па принуден сум да се обраќам вака. Секаде ме претставуваат како насилник, иако не поддржувам насилство и никогаш не сум го користел. Оние кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен, каде и да е и што и да прави. Затоа ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер кој е насочен против мене“, напиша Тошиќ на Инстаграм.
Но откако во јавноста излезе информацијата за здравствената состојба на Душко, поранешниот фудбалер не се огласи, а неговата сопруга Јелена веднаш потоа на Инстаграм објави фотографија со која го најавува својот концерт во Дубаи.
Вчера по повод скандалот меѓу Душко и Јелена се огласи и мајката на поранешниот фудбалер која, застана на страната на синот.
Иако не сакаше многу да зборува за семејната драма со сопругата Јелена Карлеуша сепак таа истакна дека нејзиниот син не би удрил никого.
Мајката на Душко проговори за српски Телеграф, и тврди дека не е точно дека нејзиниот наследник ја удрил Карлеуша, иако, како што вели, за се била информирана.
Николета, која живее во селото Орловат, не можеше да не го коментира семејниот скандал, како и забраната за приближување која Тошиќ со судска одлука ја доби 30 дена.
– Слушам што се пишува и верувајте ми, како мајка не ми е мило кога сето тоа ќе дојде до мене. Не е точно дека мојот син некогаш удрил некого. Ова не е вистина. Весниците, се разбира, имаат право да пишуваат, ништо не може да се направи за тоа – рече Николета.
Кога новинарите и поставија повеќе прашања, Николета се сврте велејќи дека нема да зборува на споменатата тема.
Мајката на Душко Тошиќ избра да не се пресели од Орловат, каде живееше мирно со сопругот и одгледа две деца, и покрај големата популарност и богатство на нејзиниот син. Сепак, дури и во мал град во близина на Зрењанин, сите знаат дека нејзината снаа е Јелена Карлеуша, а што навистина мисли Николета за неа и по тринаесет години брак, во јавноста не е познато.
Сепак, она што малкумина го знаат е дека Јелена деновите по смр-тта на нејзината мајка, кога Душко отсуствуваше поради деловни обврски, ги помина во куќата на свекрвата, како и дека и била огромна поддршка кога нејзиниот сопруг Милорад почи-нал.
Фактот што Николета Тошиќ избра да го живее животот на мало место во близина на Зрењанин, а што помалку се меша во бракот на нејзиниот син и во други приватни одлуки, не значи дека има лошо мислење за Јелена. Напротив, таа мисли се најдобро за својата снаа, и дава бескрајна поддршка и со нетрпение ја очекува секоја средба и се радува на семејните собири каде доаѓа и сестрата на Душко Катарина.