Дом и семејство
Душко е татко за пример: Поранешниот на Карлеуша го кажа своето- нема да верувате што направи на ревијата на постарата ќерка
Тој ја бодреше од првиот ред...
Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ е таков татко каков што само може да се посака.
На неодамна одржаното јубилејно 20-то издание на Модната недела во Србија, Атина Тошиќ дебитираше како модел.
Ќерката на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша и пензионираниот фудбалер Душко Тошиќ очигледно одлучила дека модата и понатаму ќе и биде хоби, а според присутните одлично се снашла во улогата на модел.
Бидејќи Душко Тошиќ е татко за пример, присутните не беа изненадени што тој беше еден од првите што пристигна на ревијата и многу внимателно го следеше целиот настан од првиот ред.
Четиринаесетгодишното девојче ја имаше честа да ја отвори ревијата на дизајнерката Александра Лазиќ и нејзиниот бренд Lacher. Со самоуверени и искусни чекори на модната писта, таа се прошета по пистата во црна креација, сериозно и достоинствено како и многу постари и поискусни манекенки, што го направи Душко многу горд, а тој на крајот аплаудираше погласно од сите други.
Многумина, кои присуствуваа на овој специјален настан, коментираа дека Душко Тошиќ е татко за пример кој ги поддржува своите две наследничка во секоја одлука. Помладата ќерка Ника тргна по неговите стапки и тренира женски фудбал, додека постарата Атина сакаше да се занимава со малку поинаква работа, исто така во јавниот сектор, што го прави исклучително среќен поранешниот спортист.
Јелена Карлеуша безброј пати истакна дека и покрај тоа што се занимава со спорт, Ника всушност е слична на неа по карактер, додека кај Атина ситуацијата е обратна.
Сигурно има многу причини сопружниците кои се разведуваат да бидат многу горди на изборот кои го направија нивните наследнички, поради што настојуваат да имаат коректен однос.
Нивните ќерки од мали привлекуваат внимание, а сега имаат и свој Инстаграм, па нема воопшто да се изненадиме ако за кратко време ја стигнат и својата мајка иако таа е една oд најпопуларните жени на Балканот.
Јелена во една од последните емисии во „Ѕвездите на Гранд“ се осврна на нејзиниот стил, но од аспект на тоа што е мајка.
Критикувана дека една мајка не треба се облекува толку провкативно, пејачката тогаш го изјави следново:
„Една жена ако е мајка не треба да се завие, да замине во манастир, да изгледа како домашна помошничка и да заврши со својата работа“.
„Јас во мојот дом сум мајка, не сум во сценски костуми. Моите деца се прекрасно воспитани, со сите петки, деца за пример, фини, скромни и за мене сите велат дека сум прекрасна мајка. Тоа што јас имам своја работа нема врска со тоа каква сум мајка, ниту тоа ме одредува“ изјави таа и додаде:
„Можам само да ви кажам дека моите ќерки се горди на својата мајка“.
„Тие од својата мајка можат да научат како да бидат самостојни, успешни, како да се борат во животот“.
„Како да бидеш жена во машки свет, полн со предрасуди, балкански, селски менталитет, каде жената се гази и не се почитува заради својата ce*cyaлнocт. Јас своите ќерки ги учам да не се срамат од својата ce*cyaлнocт, ниту од својата женственост, ни од свето тело и да имаат свое јас, како и дека никој не смее да ги сопнува затоа што се убави и згодни“ рече Карлеуша во една прилика додека беше дел од тимот на жирито на музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.