MAMAБебе

Доктор ги предупреди жените: Немојте да забремените за време на коронавирусот, еве што може да ви се случи

Стравот од вирусот веќе доведе до тоа на некои жени да не им биде укажана потребната грижа.

Стравот од вирусот веќе доведе до тоа некои жени да не ја добијат потребната грижа.

Водечки акушер во Папуа Нова Гвинеја ги советуваше жените во таа земја да не забременат следните две години заради епидемијата на коронавирусот и стравот од пренесување, бидејќи бремените жени немаат соодветен третман во болниците заради епидемијата, што резултираше со загуба на најмалку едно бебе.

Додека оваа земја, со само 11 случаи на коронавирус, досега го избегнала најлошото, постои оправдан страв дека ограничената инфраструктура би била пребрзо блокирана доколку избувне епидемија како во некои други земји.

Стравот од вирусот веќе доведе до тоа на некои жени да не им биде укажана потребната грижа. „Медицинските сестри ги враќаат бремените жени кога ќе дојдат на клиника на преглед, “, рече професорот по гинекологија, д-р Глен Мола.

Тој го наведе примерот на 20-годишна жена, која изгуби бебе и ослепа, откако тие одбија неколку пати да ја примат во болницата, додека земјата беше блокирана четири недели.

– Очигледно е дека имала прееклампсија, а сега имала компликации кои предизвикале оштетување на очните нерви. Нејзиното слепило веројатно ќе биде трајно. Нејзиното дете си замина од овој свет.Околу 10.000 луѓе биле тестирани во земјата, а тестовите биле фокусирани на провинциите каде биле потврдени случаите.

Гардијан наведува дека Папуа Нова Гвинеја добила донации од Кина, Австралија и Нов Зеланд кога станува збор за медицинска опрема и комплети за тестирање.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close