Новости
ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА СРЕДА: Еве што треба да направите- ова се обичаите пред доаѓањето на големиот празник
Домакинките ги припремаат боите за вапцање...
Денеска е Велика среда петтиот ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е петти ден од Страсната седмица, односно четири по Лазаровата сабота и три по Цветници.
А според западното христијанство тој е трет ден од Страсната седмица, односно два дена по Цветници.
На овој ден се прави спомен на Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на Јудејците за да го уб.ијат Христос и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници.
Во утрото на Велика среда, по завршената литургија на Претходоноосветени Дарови, за последен пат се чита великопостната молитва на Св. Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони. Потоа веќе не се прават поклони, освен пред плаштеницата на Спасителот во центарот на храмот.
Со овој голем ден се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување.
Првите три велигденски јајца, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.
Според народните верувања на овој ден се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.