Кафе муабет
Дара Бубамара го смени личниот опис: Даде 45.000 евра за пластични операции- изгледа десет години помладо, нема да ја препознаете
Не штеди за убавина...
Пејачката Дара Бубамара никогаш не криела дека правела естетски операции откако се појави на српската јавна сцена.


Освен што неуморно користи фотошоп, Дара си го затегна лицето, го смали носот и секако стави силикони.

Откриена е наводната листа на пластични операции кои пејачката ги имала досега, но и „ценовникот“!

Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што кажа и самата неколку пати ги менуваше. Таа сега е горда сопственичка на „седмица“, а тие зафати ја чинеле фолкерката околу 15.000 евра!



“Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да ми плукаат под прозорецот. Ги следам светските трендови, доста е веќе лажен морал”, изјавила Дара за локалните медиуми.

Пејачката за нова насмевка искеширала 18.000 евра. Се пишуваше дека Дара ги корегирала забите во Цирих, а се одлучила за клиника во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.

Според сопственото признание, Бубамара неколку пати ги надополнувала усните, а тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20-годишен дечко Тони.

Цената на филер за усни е околу 150 евра, па се претпоставува дека Дара за усни низ годините дала околу 2.500 евра.

Дека се подмладувала сведочат и најновите фотографии на оваа фолкерка, па освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето вбризгувала ботокс, а на јагодиците филери.

Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.

Според пишувањата на медиумите, Дара наводно си го смалила носот во Турција, а тоа ја чинело околу 4.000 и 7.000 евра.

Дара Бубамара е позната по тоа што често ја менува фризурата. Таа е една од првите пејачки на овие простори која долго време носи кратка коса во разни бои.

Пејачката во последно време носи руса долга коса, а висококвалитетното природно продолжување на косата чини 5 евра по прамен, што значи дека Дара може да потроши над 1000 евра за надградба!
Во продолжение погледнете како се средила Дара, слободно може да се каже дека пејачката е непрепознатлива…













