Дом и семејство

ГО РОДИ НА 17 ГОДИНИ И ГО ОСТАВИ ВО ДОМ: Ова е синот на Ана Бекута- еве што вели тој за тоа што пејачката го остави во домот кога беше бебе!

Пејачката трпела заани и немала друг избор...

Пејачката Ана Бекута на 17 години го родила синот Игор Полиќ, кој потоа мораше да го остави во дом за деца без родители, но за среќа по неколку месеци мајката и детето повторно беа заедно.

 

Игор Полиќ никогаш не и замери на својата мајка што помина осум месеци во дом. Тој сфати дека таа морала да го стори тоа и дека покрај сè, таа му дала и голема љубов.

 

– Oткако знам за себе, знам дека беше принудена да остане без дете еден дел од животот. Никогаш не ми го криеше тоа, ниту пак тоа мене ми остави некакви последици. Мајка ми го надомести сето тоа подоцна, и многу повеќе од тоа. Двајцата и денес зборуваме за тоа. Верувајте ми, секогаш сум го гледал тој период на најнормален начин. Таман работа да ја об винам мајка ми што мораше да ме однесе во дом. Никогаш не и го пререков тоа. Мајка ми мораше да го стори тоа затоа што тогаш беше таков законот – истакна тој во една прилика и додаде дека денеска не е во контакт со неговиот татко.

Пејачката никогаш не откри зошто морала своето дете осум месеци да го остави во дом.

-„Сакав да родам дете. Вистина е, им нанесов болка на моите родители, ги посрамив, тоа се стои, поради тоа Игор некои осум месеци помина во дом. Притисокот од опкружувањето беше голем. Плодот од мојата младешка љубов беше доказ дека сум недостојна, па Господ ме обележи.“ – рекла Ана.

– Секој викенд патував да го видам Игор, кој ќе ми се насмевнеше од креветчето, не осудувајќи ме дека погрешив. До следната средба ме одржуваше во живот неговиот мирис во ноздрите и отпечатокот од неговите ситни усни на мојот врат. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ја вратија таа птица во гнездото на мајката – изјави за „Star“ пејачката, а во неколку наврати истакна дека жали што не родила друго дете.

 

Инаку познатата фолк пејачка е во врската со Милутин Мркоњиќ. Таа вели дека е премногу благодарна што е со него бидејќи тој е нејзиниот универзум.

„Тој не излегува од кујната. Милутин секогаш вели дека мајка му го научила дека само едно лице може да биде во кујната, сака да каже и дека работата го оплеменува набљудувачот. Јас сум некој што сака да му угодува, имаме ние наши ритуали, утринско кафенце со кое најмногу зборуваме и правиме планови. Утрото е нашиот период“ раскажува Бекута и додаде дена никогаш не помислила, но и не пожалила зошто не се сретнале порано во животот. Се сретнавме кога требало и кога бевме подготвени еден за друг. На мене ми требаше потпора каква што е тој. Му се заблагодарувам на универзумот што Милутин е тука. Веќе осум години сме во љубов“, изјави Ана.

 

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close