Новости

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ: Пациенти даваат отказ од работните места- многумина не можат да се опорават од Ковид-19!

Најновото истражување покажа шокантни резултати...

Неодамнешна студија спроведена во Велика Британија, покажа дека седум од 10 лица хоспитализирани поради коронавирус не успеале целосно да се опорават пет месеци по заминувањето од болница.

foto jutarnji.hr/ ILUSTRACIJA

Едно од пет лица имало проблеми, а сличен број или не работи или мора да ја смени работата поради нарушеното здравје, откриле британски истражувачи. Луѓето кои најверојатно имале трајни симптоми биле средовечни бели жени кои развиле тежок Covid-19 и кои имале најмалку две хронични заболувања кои ги ставаат на поголем ризик, како што се дијабетес, астма или срцеви заболувања.

фото илустрација

– Нашите резултати покажуваат големо оптеретување на симптомите, ментални и физички здравствени проблеми и докази за оштетување на органите пет месеци по заздравување на пациентите од КОВИД-19. Исто така е јасно дека оние на кои им е потребна механичка вентилација и кои се примени на интензивна нега потребен им е подолг период да се опорават, изјави Рејчел Еванс, вонреден професор на Универзитетот во Лестер и советник за респираторни болести во локалните болници.

Студијата била спроведена во Велика Британија и анализирала 1.077 лица кои биле отпуштени од болницата во периодот од март до ноември 2020 година, кои развиле Ковид-19, меѓу нив, 67 проценти, каде што имало белци, 36 проценти биле жени, а 50 проценти имале најмалку две состојби што ги изложува на ризик од сериозно заболување.

фото илустрација

Кога учесниците во студијата биле следени пет месеци подоцна, само 29 проценти од луѓето рекле дека се чувствуваат целосно опоравени, додека повеќе од 90 проценти од луѓето имале барем еден постојан симптом, а повеќето искусиле во просек девет тековни симптоми. Најчестите симптоми беа болка во мускулите, замор, физичко успорување, нарушен сон, болки во зглобовите или отоци, слабост на екстремитетите, отежнато дишење, болка, краткотрајно губење на меморијата и бавно размислување.

фото илустрација

Скоро третина од луѓето со „лесна“ форма на вирус доживуваат симптоми неколку месеци подоцна, покажа студијата. И менталното здравје беше засегнато, со повеќе од 25% од луѓето кои имаа клинички симптоми на анксиозност или депресија и 12% имаа симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСН)

фото илустрација

Учесниците исто така беа поделени во четири групи засновани врз сериозноста на нивните симптоми за време на следењето: Многу тешки, тешки, умерени и благи, со 46 проценти од луѓето во втората група. Врз основа на овие групи, истражувачите идентификуваа и потенцијална причина за трајни здравствени ефекти.

foto inz.ba/ илустрација

„Пет месеци по отпуштањето, пациентите со најтешки симптоми имаа поголемо ниво на протеин наречен Ц-реактивен протеин, кој е поврзан со воспаление во организмот“, рече Луис Вајн, претседател на истражување на дишните органи на Универзитетот во Лестер и ко- истражувач.

Истражувачите сега повикуваат на дополнителна грижа за луѓето кои прележале Ковид-19.

фото илустрација

Учесниците на студијата ќе бидат тестирани по 12 месеци за да соберат повеќе податоци за долгорочното влијание на Ковид-19.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close