Бебе
Видео: Разиграно бебе не ѝ дава на својата мајка да спие
Веруваме дека многу мајки ќе се пронајдат во ова видео.
Ако сте родители, ненаспиеноста ви е дел од секојдневниот живот, а посебно ако вашето бебе се буди рано и не ви дава да спиете.
Оваа мајка одглумила дека спие и снимила како изгледа нејзиното типично утро кога бебето не ѝ дозволува да спие.
Какви се вашите будења со најмалите?
Погледнете го видеото во продолжение и утешете се дека не сте единствени мајки на кои ненаспиеноста им е второ име!