Кафе муабет
ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ УЖИВА ВО ЊУЈОРК СО ПАРТНЕРОТ – Пејачот блеска од среќа на фотографиите
Заљубен до уши ужива со парнетрот...
Важи за еден од најконтроверзните пејачи кај нас. Пред две години не’ претставуваше со песна на Евросонг, а од неодамна се пофали и со веренички прстен, за веднаш потоа и со свадбена веселба – пејачот Васил Гарванлиев неодамна го прослави 38-миот роденден.
Изминатиот период медиумите беа преплавени со информацијата за венчавката на Гарванлиев, за која и пејачот нескромно споделуваше фотографии со својот избраник во Америка.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Пејачот сподели фотографии на својот Инстаграм профил под кои напиша:
,,Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата.
За естрадниот магазин ,,Бекстејџ’’ изјави дека со неговиот избраник се препознале ,,на прва”, а го освоил со едноставноста и со анонимноста.
,,Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот’’, напиша Гарванлиев во својата роденденска објава.
На прашањето за Женски магазин да открие повеќе за неговиот партнер со кого се вери неодамна Гарванлиев проговори искрено:
-Џејсон е една прекрасна скромна личност, со многу интересна животна приказна. Инаку е успешен невропсихолог, посветен партнер и воедно мој најдобар пријател. Во моментов учи струмички зборови и фрази, додека Езми, Тина и Шерон (нашите кучиња) учат литературен македонски.
Дали добива поддршка од најблиските и што мисли неговата мајка за парнерот Васил е дециден:
Мајка ми е супер, само што си замина од Чикаго денес два часа пред да се објави песната на Јутјуб. Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво. Мајка ми брат ми и моите најблиски роднини и пријатели секогаш ми биле столб на поддршка во сите дадени ситуации. Благодарен сум им бескрајно што ги имам. Не ни е прв пат да живееме на различни места, нашата поврзаност не познава далечина, истакнува тој за Женски магазин.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Неодамна, пејачот објави фотографии како ужива во убавиот Њујорк.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Во Големото јаболко пејачот ја дочека и Новата година, заедно со партнерот Џејсон.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
На последната објава Васил во описот напиша дека создава спомени во овој град а со хаштагот #husband тој потенцираше дека ужива со својот партнер.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Објавата привлече доста реакции и коментари на социјалните мрежи.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Пејачот Васил Гарванлиев ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред многу години. Во 2019 година пееше како придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Роден е во Струмица на 2 ноември 1984 година, а на музичката сцена за првпат се појавува на 7 годишна возраст.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев
Моментално живее во Чикаго со својот партнер.
Фото:Фејсбук/Васил Гарванлиев