Кафе муабет

Беше горда Македонка и имаше романтичен живот, но ќе доживее тpaгичен крај!

Приказна за една жена од Битола што треба секој да ја прочита

Ова е приказната за Рајна Алексова, првата жена фармацевт во Македонија, но и на целиот Балкан.

Рајна Алексва е Родена во Битола, во 1882 година, во самото предвечерие на распадот на Отоманската империја. Таа како млада, што значи пред повеќе од сто години, ја завршува француската гимназија во Солун, а потоа со воз заминала за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевтскиот факултет во Лозана. Во ова и помогнам нејзиниот постар брат, Ристо Алексов, кој бил трговец и сопственик на првата аптека во Битола.

По четири години младата Рајна ќе ги заврши студиите и ќе стане првата Македонка дипломирана фармацевтка, но и првата фармацевтка со диплома на целиот Балкан. Сепак, и покрај тоа што имала диплома од Швајцарија, таа не можела да отвори својата аптека, бидејќи тогашните строги турски закони не дозволувале жените да обавуваат аптекарска професија.

Но амбициозната битолчанка не се помирила со тоа и испратила барање до властите во Цариград и молба „за добро на народот во Битола“, да ѝ се овозможи да отвори сопствена аптека. Во меѓувреме работела како милосрдна сестра во Ќустендил, а во јуни 1907 година таа била испратена во бугарската болница „Евлоги Георгиев“ во Цариград. Рајна по извесно време ја напуштила болницата и од февруари 1908 година работела како учителка по хемија во женската гимназија во Едирне. Со промените по Младотурската револуција, Рајна добила дозвола да ја отвори својата аптека и да работи како аптекарка.

Балканските војни и Првата светска војна оставиле вистински хаос во Битола кој се наоѓал на линија на Македонскиот фронт.

По Првата светска војна, во 1919 година, била испратена комисија од тогашното Министерство за народно здравје на Кралството на СХС за да ги провери условите за работа во сите аптеки. Најпрво ја посетила аптеката на Рајна Алексова, која во тоа време била најпопуларна во градот. И покрај тоа што најдобро работела во Битола, аптеката на Македонката Рајна Алексова била парично казнета со 30 динари, заради неисполнети стандарди. Морала да достави и заверена копија од дипломата и конечно аптеката ја продолжила својата работа. По војната, аптеката била национализирана и станала државна аптека.

Горда Македонка

Таа со гордост се преставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 година од швајцарските универзитетски власти на француски јазик стои запишано дека Рајна Алексова по националност е Македонка. Тоа може да се види од копијата на дипломата која е верна на оргиналот со датум од 01.11.2018 година, а која ја имаат добиено наследниците по нивно барање, додека оргиналната диплома се наоѓа во Софискиот музеј во Бугарија.

Имено, бугарскиот окупатор по повлекувањето од Македонија ја однел нејзината диплома со другата архива во Бугарија.

Рајна исто така имала дупликат диплома од факултетот во Лозана, која била судски заверена како верна на оригиналот, на 14.12.1919 година. Со овој документ аптеката продолжила со работа, а Алексова ја откупила аптеката од својот брат и во неа работела се до своето пензионирање во 1944 година, кога била национализирана и станала државна аптека.

Тpaгичен крај

Рајна Алексова животот ќе го изгуби од нacилна cмrт на 23 февруари 1959 година во Битола.

Луѓето што живееле кај неа како потстанари, ја зaдyшиле и со себе однеле пари и сѐ што било вредно во нејзината голема семејна куќа.

Извор: Википедија, Нова Македонија, Музеј на македонската борба, Фото: Битола стари фотографии (Фејсбук), БитолаИнфо, ММБ, Музеј Битола, Принтскрин (Јутјуб)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close