MAMA
Бараат професорката да биде избркана откако кажала дека постојат само два пола?!
Жестока дебата се одвивала две недели по ред на нејзиниот час
Група на студенти на Универзитетот Јужен Мејн во Портланд, Мејн бараат нивната професорка да биде отпуштена откако на часот им кажала дека постојат само два пола.
Кристи Хамер, професорка по образование, наводно ја дала оваа изјава за време на жестока дебата за родовиот идентитет на нејзиниот час „Создавање позитивна средина за учење“, предизвикувајќи незадоволство помеѓу студентите.
Само еден студент се согласил со професорката. Останатите студенти кои присуствувале на часот се согласите дека постои поширок спектар и за сексуалниот и за биолошкиот пол.
Оваа дебата за прв пат се одржала на часот кој се одржал на 7ми Септември, но била повторена една недела подоцна откако студентката Елизабет Лајбигер, која не е бинарна и била отсатна на претходниот час, повторно ја отворила темата.
Таа вели дека оваа изјава на професорката ја доживеала како личен напад, поради тоа што професорката повторно го потврдила своето мислење, дека смета дека постојат само два пола.
-Ја прашав Хамер колку пола постојат, на што таа ми одговори два. Се почувствував како да сум лично нападната-рече Лајбигер.
Биолошки постојат само два пола. Мажите имаат XY хромозоми, додека жените имаат XX хромозоми. Но, прогресивците велат дека полот може да има поширок спектар.
Но, активистите против будењето предупредуваат дека фиксацијата за негирање на биолошката реалност дека постојат само два пола е апсурдна и потенцијално го става на ризик здравјето на луѓето.
Речиси целиот клас од 22 студенти го напуштиле класот, сите освен еден кој побарал да се одржи состанок со Факултетот за образование и човечки развој на Универзитетот.
– И дадов до знаење дека сметам дека таа не е компетентна да држи час за позитивна средина за учење. Тоа е една голема иронија-изјави Лајбигер.
Се одржал состанок на ректорската управа, но позицијата на професорката Хамер не е сменета.
Дваесетина студенти во класот продолжиле да бараат од универзитетот да ја замени Хамер, сметајќи дека е трансфобична. Тие сега одбиваат да се вратат на нејзиниот час и велат дека ќе се вратат на часот само доколку биде донесена нова професорка.
Часот е услов за да се заврши програмата за продолжено образование за наставници на ниво на постдипломски студии и да се стане сертифициран наставник во Мејн.
-Свесни сме за оваа ситуација и превземаме чекори за на студентите да им ја обезбедиме потребната поддршка-изјавуваат од Универзитетот-пишува Дејли Меил.
Универзитетот исто така излезе со предлог, дека алтернативна опција за овој проблем ќе биде најдена, но дека професорката нема да биде избркана.
-Пронајдовме алтернативен план за овој клас и ќе отвориме нова група, во која ќе можат да се префрлат сите оние кои имаат желба за тоа. Оригиналниот предвиден час на г-ѓа Хамер ќе продолжи да тече за сите оние кои имаат желба да присуствуваат на истиот-изјави потпаролот на Универзитетот.
Универзитетот јавно нема излезено со бројка колку студенти ќе се префрлат во новиот клас, а колку ќе останат во стариот клас.
-Наша работа како едукатори е да растеме, да се менуваме, да работиме на нашите предрасуди и пред се друго, да го заштитиме секој наш студент-изјави Лајбигер.
-Мислам дека следен чекор кој Универзитетот треба да го превземе е да ни покаже јасно како ќе изгледа одговорноста за Кристи Хамер.
Се појавија многу луѓе кои сепак ја поддржаа професорката и нејзиното мислење и над 2000 луѓе потпишаа петиција за таа да ја задржи својата работа.
Расправиите околу сексот и родовите прашања продолжуваат да ги разочаруваат кампусите низ САД.
Поддржувачите на правата на трансродовите велат дека сакаат да ја зголемат видливоста и еднаквоста за мал, ранлив дел од општеството.
Извор: Дејли Меил