Кафе муабет
Ќерката на Драгана Мирковиќ злоупотребена: Мануела го потресе семејството, се огласи и Драгана- еве што кажа!
Несака да биде дел од јавниот живот...
Со оглед на тоа што Драгана Мирковиќ важи за една од најпознатите пејачки на Балканот, животот на нејзините деца изминативе години постојано ги копкаше новинарите.
Марко и Мануела пораснаа во сенка и далеку од очите на јавноста се до моментот кога двајцата решија да се придружат на социјалните мрежи. Од тогаш постојано се под будно око на јавноста па Мануела, речиси секојдневно може да ја видиме во медиумите а тоа се претежно пофални текстови за нејзиниот изглед, имајќи предвид дека ќерката на Драгана Мирковиќ, откако го активираше својот Инстаграм профил, редовно споделува фотографии од нејзиниот приватен живот и ги известува своите следбеници за дестинации кои ги посетува.
Сега убавата Мануела реши да направи чекор кој изненади многумина. Имено, таа на своите виртуелни пријатели им се обратила со следниве зборови:
-Почитувани следбеници, поради злоупотреба на моите фотографии од страна на некои новинари, решив да го деактивирам мојот профил бидејќи не сум јавна личност и не сакам да читам невистини за себе. Ви благодариме на разбирањето, многу поздрави – напиша таа, во што ја поддржа нејзиниот брат како и популарната пејачка која на својот профил ја сподели објавата со зборовите „Паметна моја девојка“.
Ќерката на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, Мануела (20) секогаш велеше дека не сака да биде дел од јавната сцена и дека нејзините фотографии се на социјалните мрежи.
Нејзините родители ја исполниле нејзината желба, но јавноста со нетрпение чекаше да слушне што е ново во животот на децата на популарната пејачка.
Мануела порасна во прекрасно девојче, а нејзината црна коса, полните усни и крупните очи се доказ дека таа е копија на нејзината мајка.
Драгана Мирковиќ, која поседува милиони и живее во вистински замок во Австрија,во една прилика истакна дека нејзините деца се многу скромни. Посебно е интересно тоа со што се занимавала нејзината ќерка и покрај богатството што го има семејството.
– Моите деца се најнормалните деца на светот, имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студираше економско право, а интересно е што Мануела додека го завршувала средното образование работела на рецепција во „Рико“ – а тој детал го откри Драгана во емисијата „Прв ред“ и многумина биле пријатно изненадени од оваа изјава.
Со оглед на тоа што ниту ќерката на пејачката, ниту нејзиниот син не се занимаваат со јавни работи, јавноста отсекогаш ја заинтригирала професијата на децата на познатата пејачка, која ужива во богатство.
Таа воопшто не зборува за нивните планови во животот, а во една прилика кажа дека не се меша во нивните избори.