Кафе муабет

Јована ги шокираше сите: „Не готвам затоа што сакам да мирисам на Диор, а не на пржени јајца!“

Грешката на мајките е што ги воспитуваат синовите да бидат синови, а не сопрузи. Мажите мора да бидат сопрузи...

Водителката Јована Јеремиќ е позната по своите либерални ставови па во шоуто „Магазин ин“ таа истакна дека како жена не сака да прави се она што го наложува општеството.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Јована важи за една од најконтроверзните ТВ личности а во секоја прилика открива дека не сака да прави одредени домашни работи.

– Не чистам, не мијам садови, не пеглам, тоа му го кажав на мојот сопруг. Никогаш не сум го правела тоа дома. Не сакам да го правам тоа ниту до крајот на животот. Сакам да мирисам на Диор, а не на пржени јајца – рече Јована и додаде:

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

– Не мора тој да плаќа чистачка, јас ќе платам.

– Грешката на мајките е што ги воспитуваат синовите да бидат синови, а не сопрузи. Мажите мора да бидат сопрузи. Да бидат материјално одговорни – рече Јована и предизвика лавина од коментари со својата објава…

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Јована неодамна беше мета на критики поради тоа што на својот Инстаграм профил објави дека жените секогаш мора да се грижат за себе и не може да си дозволат да бидат неуредни.

Со оглед на тоа дека таа е јавна личност, посочува дека секојдневно се труди да изгледа убаво и уредно, но дека нејзиниот пример треба да го следат и останатите жени.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

“Жената секогаш треба да изгледа како да ја гледаат 100 пара машки очи, во секое време. Недозволиво е да се биде дебела, неуредна, валкана, мрсна, запоставена, отечена, разбушавена, под изговор дека сите жени кои се во брак, семејни жени, мајки се такви. Еве јас сум пример за сето погоре што се однесува до функцијата и се обидувам да изгледам секој ден како да имам состанок со судбината на мојот живот. Се обидувам. ‘Еве контра-прашањето веднаш: „што ќе правиш кога ќе те напушти?“ .. „Животот е најубавата работа … кога ќе го живееш искрено“, напиша Јована.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Статусот предизвика стотици коментари на социјалните мрежи. Додека некои се согласуваа со неа, некои сметаа дека водителката претерува.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close