Кафе муабет

ЈАВНО ЗАЧЕКОРИЈА И НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ – Манекенката и кошаркарот мамат воздишки каде и да се појават…

Стилот на парот нема да ве остави рамнодушни...

Шпекулациите за врската на нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се покажаа како вистинити.

Фото:Инстаграм/Перо Антиќ

Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, изминатиот период, парот веќе реши да не се крие и да излегува заедно во јавност.

Фото:Инстаграм/Перо Антиќ

Минатата недела заљубената двојка можевме да ја видиме заедно на изложба во Скопје, каде Катарина и Антиќ беа модно услогласени и со насмевки  на лицата уловени од објективот на Маја Јаневска Илиева.

Фото/Принтскрин

Манекенката носеше црн фустан кој ја следи линијата на телото и паѓа слободно од коловите па надолу, во комбинација со црни сандали. Додека Антиќ пак се појави во сиви, класични панталони и црна ролка.

Фото/Принтскрин

Парот присуствуваше на изложбата ,,Се што ни е заедничко’’ која беше отворена во Музеј на современата уметност.

Иако долго време не се експонираа во јавност, по последните фотографии се чини малку да се опуштија.

Фото:Инстаграм/Перо Антиќ

Парот, вчеравечер продефилира на црвениот килим по повод македонската премиера на „Кајмак“, седмиот филм на реномираниот режисер Милчо Манчевски.

Фото: Фејсбук/Кајмак

Дел од актерката екипа се и блиски пријатели со Кики, особено нашата позната актерка Ана Стојановска. Двете дами одлично стилизирани позираа пред фоторепортерите.

Фото:Фјесбук/Кајмак

Инаку, за потсетување Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.

Фото:Инстаграм/Катарина Ивановска

Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.

Фото:Инстаграм/Перо Антиќ

Тие заедно имаат три сина.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close