Кафе муабет

ЈАС И ДАДОВ ТОПОЛ ДОМ НО МИ ЈА ОДЗЕМАА: Пејачката со шокантна исповед за бебето кое морала да го даде на посвојување!

Бара од посвоителите д аи кажат само дали е добра..

Победничката во минатогодишното издание на шоуто „Никад није  касно“, Зорица Ериќ неодамна раскажа тажни детали од минатото, кога уште како средношколка се грижеше за напуштено бебе.

фото инстаграм

На бебето му дала дом над главата и стана нејзино згрижувачко семејство, но девојчето наскоро ја остави затоа што беше посвоено. Таа се уште го памети овој период со голема тага.

– Имаше два и пол месеци кога првпат ја однесов дома. Не знам што да кажам, навистина. Тоа беше прекрасен гест, но остави свој белег врз целото наше семејство. Го прифаќате детето како рамноправен член и потоа сите врски се прекинуваат одеднаш. Во нашата земја, квантна физика е да се посвои дете. Не ги исполнивме условите. На моите родители не им беше решено станбеното прашање, па можевме само да го посвоиме во соништата – се присетува Зорица.

фото инстаграм

– Стапивме во контакт со посвоителите и верувавме дека ова ќе биде причина да се видиме и слушнеме со нив најмалку еднаш годишно. Не ги обвинувам, можеби тие не сакаат таа да знае, можеби се исплашени, кој знае. Но, верувам дека сè ќе си дојде на свое и дека еден ден, на некои чудни начини, ќе го најде патот до нас – рече во признанието.

фото инстаграм

– Само би сакала да знаев дека е добро. Јас дури и не треба да ја гледам или да знам каде е. Само посакувам некој едноставно да ме извести понекогаш дека е добро. Тоа е исклучително тешка и емотивна приказна. Ништо не требаше да биде онака како што се случи. Претпоставувам и дека не се вика како што ние ја викавме. Јас навистина би сакала некој само да ми даде до знаење дека е добро, но тоа да биде стопроцентна веродостојна информација – рече Зорица.

фото инстаграм

Зад себе има бурно минато!

Музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ нуди шанси на луѓето кои имаат талент без разлика на нивните години да се престават пред балканската публика, и да си го остварат нивниот сонот.

Зорица реши и за време на натпреварувањето јавно да ја открие својата приказна, која кај мнгумина предизвика изненадување.

– Губев емоции кон децата, бев сопруга насочена кон своето лично задоволство. Моето семејство патеше, а мене тоа не ме интересираше. Моите деца немаа облека да носата, но јас трошев на глупости, рекла Зорица своевремено, а сега открила дека луѓето ја осудувале што јавно прозборе за минатото.

– Мојата приказна навистина е поучна и ја раскажав во емисија за да им дадам надеж и пример како човек со своите проблеми може да излезе на крај. Ни во еден момент не се покајав што прозборев за време на натпреварувањето „Никогаш не е доцна“ бидејќи сметам дека на многумина им користи, рекла пејачката.

Не крие ни дека благодарение на семејството и музиката успеала да излезе од „канџите“ на порокот како и дека победата пд страна на СМС гласачите и го промениле животот.

– Ова е моја прва награда, прво натпреварување на кое сум учествивала, оваа награда ми даде уште поголема сила да се борам и ми покажа дека луѓето ме сакаат.

Се уште не сум успеала да најдам вистински зборови со кои ќе ги опишам чувствата. Многу е важно дека од таа ужасна приказна излегов како победник и што моите сограѓани ми ја вратија довербата во мене. Ова е само потврда и како ветер во грб, сила, заклучила Зорица.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close