Кафе муабет

Нова вojнa на повидок? Мустафа се подготвува за ocвeтa откако Емина го разоткри во јавноста

Ќе испловат ли нови пикантерии од поранешниот пар?

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна го даде на суд својот поранешен сопруг заради долгот што го има кон неа.

Како што откри пејачката за турските медиуми, Мустафа Сандал наводно не се грижи за потребите на нивните деца, а посебно била разочарана кога ги однела децата на доктор и дознала дека нивниот татко и покрај договорот што го имале, не им го платил здравственото осигурување.

Договорот наводно бил Мустафа да го плати приватното здравствено осигурување на синовите, како и шоферот на Емина. Покрај овие обврски, тие пред адвокатите се договориле Мустафа да го плати и трошоците за летување, како и некои други обврски кои што тој веќе цели две години не ги исполнувал, тврди извор за српските медиуми. Тој исто така додава и дека Мустафа во медиумите во родната Турција се обидел целата ситуација да ја претстави поинаку, односно дека наводно и должел алиментација на Емина, но за само два месеци, и тоа заради короната, што од друга страна ја изнервирало пејачката.

Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал

Популарниот турски пејач наводно тврдел дека ќе даде пари за децата, но не и за нејзините лични потреби, по што Емина се изнервирала и решила да ја открие вистината. Таа наводно најпрво го опоменала преку адвокатот, но откако тоа не и успеало, решила да излезе во јавноста.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

„Се разделивме со Мустафа во јуни 2018 година и тогаш пред судот потпишавме договор во кој ги прифаќаме заедничките обврски, меѓу кои и здравственото осигурување и алиментацијата за нашите деца, но, кратко по разводот сите обврски паднаа на мене. Алиментацијата не е платена веќе 26 месеци, изјави пејачката, а пренесува „Пулсонлајн.рс“.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Таа за турските медиуми откри и дека нејзиниот поранешен сопруг според договорот требал да и купи недвижнина во Белград. Но пејачот и тоа не го исполнил, а како што пренесува изворот за српските медиуми, постои опасност сега Мустафа да го искористи своето влијание, посебно во музичките и јавните кругови, и да и наштети во кариерата на Емина. Таа има успешна кариера во странство и требаше да добие и главна улога во популарна турска серија, но сега заради односот со поранешниот сопруг, сето ова е доведен во прашање.

Прашање е и како ситуацијата меѓу нив ќе се одвива понатаму, но во овој момент изгледа дека примирјето е далеку и дека валканите алишта ќе продолжат да се појавуваат, а само прашање на време е кога и со што Мустафа ќе излезе во јавноста, и како потоа пејачката ќе одговори на тоа.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал
Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал
Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал
Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Извор: Пулсонлајн.рс.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close